Навивачи

Епско навивачко вриштење за голот на Алисон

Ова е тоа што фали едно 14 месеци во фудбалот. Крикот на навивачите кога ќе падне гол, посебно волку важен и тоа на голманот на Ливерпул во 95-та минута кој ги одржа шансите за ЛШ. Побудалеа од радост.

„Заедно испаднавме, заедно ќе се вратиме“

Навивач на Шалке испрати моќна порака до своите браќа Комити во овие тешки денови за двата тима кои се селат во второлигашко друштво.

20 години од необичниот инцидент на Меаца

На 6 мај 2001-ва, навивачите на Интер ја направија најголемата будалаштина на стадион. Веројатно револтирани од слабата сезона, со сиот памет запалија скутер и го фрлија на трибина. Клубот беше казнет со 30.000 евра и две кола без публика, а за среќа никој не настрада.

„Он ќе ужива во Лига на шампиони, а девојката лежи во гроб“

Пред да стане шампион на Англија со Челси во Премиер лига 2016/2017, шпанскиот лев бек Маркос Алонсо избегнал затворска казна за убиство без умисла на девојка му.

Комити: Корумпираниот систем им овозможи да го земат најголемото богатство и национален бренд

На две кола до крајот на сезоната, ФК Вардар има само теоретски шанси дека ќе се спаси. Но Комити, кои со месеци бијат битки, не се загрижени за опстанокот во лигата, туку упорно бараат одговори за опстанокот на клубот, кој се чини дека никој не сака да го обезбеди.

Навивачки спектакл на Комити Драчево за Велигден

Драчево во саботата беше центарот на црвено-црниот свет и епицентарот на православието. Навивачката група Комити приреди шоу за паметење.

Навивачи дезинфицираа стадион од политичари

Навивачите на шпанскиот второлигаш Рајо Ваљекано кои важат за ултра левичари и чиј регион се прославил во борбата против армијата на Франко, по мечот со Албасете кој заврши 2:2, решиле да го дезинфицираат стадионот со разни средства.

Хрватски хулигани жестоко нападнаа македонски навивачи во Австралија

По мечот меѓу македонскиот клуб Рокдејл Сити Санс кој е основан од македонската дијаспора во Австралија и Сиднеј Јунајтед, клуб близок на хрватската заедница, хрватски навивачи жестоко нападнале македонски фанови.

Навивачи на Манчестер Јунајтед запалија американско знаме

По бурните протести на навивачите на Арсенал против претседателот на клубот Американецот Кроенке, денес и навивачите на Манчестер Јунајтед жестоко протестираа против американскиот сопственик Глејзер.

Навивачите на Шалке ги гаѓале фудбалерите со јајца

По цели 30 години во елитната Бундеслига, Шалке 04 испаѓа во втора лига. После катастрофални резултати тимот од Гелзенкирхен заслужено се сели во понизок ранг, ама навивачите не го примија тоа добро и ги нападнаа фудбалерите кои се враќале од гостувањето кај Ариминија Билефелд (пораз 1:0).

Парола на денот

Фразата „Студена зимска ноќ во Стоук“ еднаш ја искористи коментаторот Енди Греј и таа е синоним за традиционален фудбал, со пивце, гостување, воз, другари и песна. Далеку од комфорот и удобноста на топлите ВИП ложи каде се гоштеваат бизнисмените кои не го чувствуваат фудбалот со душа, па би да прават пари од него.

Реакцијата на навивачите кога дознаа дека Челси се откажува

Навивачите на Челси жестоко протестираа против Суперлигата и бараа нивниот клуб веднаш да се повлече. Излегоа на улица со димни бомби и разни пароли од кои дел беа упатени кон Роман Абрамович, а на протестите се појави и Петр Чех.

Гробарите на ФК Вардар

Моменталната ситуација во Вардар во една слика...

Твит на денот за реакцијата на Роналдо

Србија и Португалија одиграа супер натпревар со 4 гола во квалификациите за Светско првенство. Во последните секунди од мечот Кристијано Роналдо постигна чист гол, ама линискиот и главниот судија проценија дека капитенот на Србите Стефан Митровиќ навремено ја исфрлил топката во аут. Роналдо нервозно тргна да го напушта теренот, пцуеше и ја фрли капитенската лента на земја.

Кога Престон игра во Австралија, на трибини се пее „Бисер балкански“

„Нашето наследство е чисто македонско и нашата култура е македонска“, рече во едно неодамнешно интервју Жак Груевски, кој е претседателот на Престон Лајонс, клуб формиран од македонски иселеници во 1947-ма.

Неповторливи сцени со Комити кои прават “земјотрес“ на Кале

Се работи за мечот РК Вардар - Караш Северин од Романија одигран на 26 март 2011-та кој Црвено-црните го добија со 28:22. Шоуто на Комити стартува на улица со кортео и пиротехника, а продолжува со пеколно темпо во ракометниот храм. Многу јако навивачко издание.

Зошто графитот на Алиоски е уништен со натпис „Умри Галатасарај“?

Навивачите на Лидс често одат од една во друга крајност со однесувањето, а тоа го имаат покажано неколку пати, барем кога се во прашање настапите на Џани. Овој пат гневот кон најомразениот клуб го истурија врз македонскиот репрезентативец кој сè уште е нивен член.

11 годишна навивачка го расплака голманот на Ѕвезда со Зајди зајди

Црвена Ѕвезда имаше посета од девојче од Косово, голем фан на клубот, особено на голманот Милан Борјан. Се стопи и се изнаплака кога го виде, но успеа и таа него да го расплаче кога му ја отпеа најпознатата изворна македонска песна. Доста топла и емотивна средба која заврши со шутирање пенали.

Навивачите на Вардар собрале 3,3 милиони денари за спас на клубот

Навивачката група „Комити“ денес во Скопје на прес-конференција даде отчет за акцијата која што ја започна пред неколку недели а која беше иницирана за привремена помош на фудбалскиот клуб.

Атинските хулигани се обединија против еден противник

Пред неколку дена грчката полиција добила повик за интервенција во предградието на Атина, Неа Смирни каде не се почитувале задолжителните здравствени мерки. Подоцна излезе видео на кое се гледа како припадници на полицијата брутално тепаат млад човек само затоа што не носел маска. Тоа ги разгневи граѓаните на Атина кои излегоа на протест.

Немаше спиење за играчите на Барса во Париз

Оваа пракса да се лупа огномет сред длабока ноќ пред хотелот каде престојуваат противничките играчи, се повтори и во Париз. На првиот меч во Барселона Каталонците палеа огномет за гостите да немаат мирен сон, а сега се реваншираа и Парижаните.

Во Зоолошка викендов биле 17.000 луѓе, а на стадион не може навивачи

Навивачката подгрупа на Комити под името „Екипа ПИВО - ФКВ“ има добра поента во врска со забраната за фудбал со навивачи. Тие бараат да се отвори барем 10% од капацитетот на стадионот.

Пречек на Интеристите за Станковиќ со бакљада и српска парола

Црвена Звезда вечерва му гостува на Милан во нокаут фазата од ЛЕ, одлична прилика за навивачите на Интер да се сретнат и да го поздрават Дејан Станковиќ кој го пречекаа спектакуларно.

Како Делии ја испратија Звезда во Милано

Црвена Звезда има активен резултат во Лига Европа против Милан со кој дома одигра 2:2. Навивачите веруваат во изненадување и распоредени на мостови и покрај пат најдоа начин како да ги мотивираат играчите пред вечерашниот дуел.