Навивачи

Хаосот на мечот Марсеј - Галатасарај

На теренот во 2. коло од Лига Европа Марсеј и Галатасарај одиграа само 0-0, ама на трибините беше пеколно. Францускиот клуб допуштил влез на преку 5.000 турски навивачи кои биле сместени до најжестоката трибина со навивачи на Олимпик Марсеј.

Навивачите на Легија се доктори за кореографија

Кога Легија Варшава игра натпревар на домашен терен во Европа, тогаш се знае дека мечот почнува со спектакл на трибините уште пред судијата да означи почеток.

Чиста 10-ка за тифото на навивачите на Ајакс

Фудбалската лекција на терен синоќа ја предаваше Шериф Тирасол од Молдавија, а од трибини навивачите на Ајакс кои добро што не ја срушија Јохан Кројф арената која крцаше со 53.000 публика. Многу моќно.

Навивачка на Интер за која годините се само бројка

Одлуката за оваа сезона да се игра со навивачи, некаде лимитирано, на други места со целосен капацитет, не е радост само за ултрасите. 84 годишната Џанкарла не пропушта меч на Меаца од пред времето на Дарко Панчев.

Што тоа се случува по француските стадиони?

Навивачите на Ница на почеток на сезоната на 22 август скокнаа на терен и се пресметуваа со играчите и стручниот штаб на Марсеј, а тој упад како да покрена лавина слични епизоди на неколку стадиони. Синоќа хулиганите на Марсеј влегоа на терен и тргнаа кон навивачите на Анже.

По долго време Комити згрмија во Јане Сандански

Вујо ги повика и им рече дека Вардар не е Вардар без нив, а тие дојдоа за да го вратат стариот сјај во сала и да им дадат поддршка на своите јунаци кои со 33:27 го совладаа Мешков Брест во ЛШ. Одма е по друго со навивачи.

Необичната приказна за најверниот навивач во Англија кој доби споменик на трибина

Да се биде меѓу најверните навивачи во земјата во која е основан фудбалот и кој се сака безвременски значи навистина да сте направиле некој животен подвиг.

Грандиозна прослава на 100 години ФК Железничар во Сараево

Во главниот град на Босна и Херцеговина минатиот викенд имаше неверојатна прослава на навивачите на фудбалскиот клуб Жељезничар кој наполни 100 години од основањето.

110.000 гледачи и сите облечени во бело - неверојатна традиција во Пенсилванија

Ова што се случува на одредени натпревари на еден универзитетски тим во американски фудбал е стварно необјаснив феномен.

Брутален хулигански напад на белградското дерби

165-та пресметка меѓу вечните ривали Црвена Звезда и Партизан. На стадион заврши 1:1, а на улица беше крваво со тепање, бркотници и нечовечност. Напад со факел директ в лице. Прв пат гледаме ваква грозотија.

Тепачки во Белград, Загреб и Лестер

Многу работа и се отвори синоќа на полицијата. Во два градови каде се играа натпревари од Лига Европа и на пријателски кошаркарски меч. Има повредени, уапсени и по некои кои се млатеа меѓу себе за превласт на трибина.

„You'll Never Walk Alone“ на Енфилд за прв пат по 554 дена

Излишно е повеќе да се прават споредби за тоа каков беше фудбалот без навивачи и сега, посебно после ваков клип. 15 септември, 2021-ва, Ливерпул - Милан 3:2. Уживајте.

Со балон е побезбедно за патување, корона ќе фатиме во воз

ЦСКА Москва викендов му гостуваше на Арсенал од Тула во 7. коло од рускиот шампионат. Мечот заврши 2:2, а гостинските навивачи се надминаа себе си со идејата како да одат на гостување. Од Москва до Тула има околу 190 км пат.

Како звучат Комити во втора лига

Без разлика дали се на меч од Лига Европа против Зенит, на куп пресметка против Влазрими или по ново во второлигашка конкуренција, најверните навивачи на Вардар се во топ форма за својот клуб. Триумфот од 2:0 против Воска Спорт од Охрид го славеа со фудбалерите на ист начин како со ракометарите во Јане.

Головите на Кејн и Левандовски му се најнебитни

Легендата вели дека бил воодушевен од чизмите и дека се мислел дали да стартува со клизачи во стилот на Пепе, Рино Гатузо или Јенс Јеремис. Инаку Полска и Англија одиграа 1:1.

Надреално видео од Америка кое се прошири по светот

Во САД студентскиот спорт се следи на невозможен начин, речиси на идентично ниво со НБА лигата. За Американците студентскиот спорт е нешто посебно. Во саботата на мечот меѓу Висконсин Баџерс и Пен Стејт, навивачите на Висконсин ја продолжија традицијата со лудување на песната "Jump Around".

Најлудачкиот начин на гледање фудбал од дома

Навивачи во Бразил го надминаа Кратово, македонскиот па и цел балкански фудбал во пронаоѓање изум како да го претворат својот дом во трибина. Ќерамиди извадиле царевите, а најјакото е што и жената ѕирка да не испушти нешто.

Лузер на денот

Кристијано Роналдо ќе прави трансфер во Манчестер Сити? Да не го видам, ни него, ни дресот.

Во Варшава комична кореографија против УЕФА

Навивачите на Легија тврдокорно одат до крај во војната со УЕФА. Скоро една деценија европската куќа на фудбалот го казнува полскиот шампион и парично и со затворени трибини, ама навивачите на тимот од Варшава не попуштаат. Секој пат ја напаѓаат УЕФА дека е мафија, дали преку песни дали преку кореографии.

Навивачка верност на колото

Фудбалерите на Брондби не успеаа да ја минат последната пречка за влез во групи во ЛШ. Салцбург ги доби и двете средби со 2:1. Но се разбира тука нивната сезона не завршува. Имаат навивачи со кои треба да се гордеат.

Талибанска втора лига

Во втората лига на Босна и Херцеговина, на меч меѓу Будуќност Лукавица и Рудар Букиња во кантонот Тузла, локални сировини кои го следеле натпреварот, по вториот гол на гостите влегле во терен и физички ги нападнале судиите меѓу кои и една помошничка судијка која ја удриле и надвор од теренот.

Почна фудбалот, ама и квалитетните тепачки

Со исклучок на Италија, сите други лиги стартуваа кога е во прашање топ 5 европскиот крем. Со навивачи се разбира, кои пред и после натпревар одат на закажано.

Кадар на денот: 74 години генерации и генерации го чекаа моментот па се расплакаа

Сезоната 2021/2022 во англиската Премиер лига стартуваше во западен Лондон. Новиот премиерлигаш Брентфорд го пречека и совлада Арсенал.

Голем пречек за Меси од навивачите на ПСЖ

Аргентинскиот ас полека се опоравува од шокот по раскинот на договорот со Барселона и се запознава со новиот клуб, новите соиграчи, новите навивачи, новата управа. Пред стадионот „Парк на принцевите“ каде одржа прес-конференција како нов играч на ПСЖ, го пречекаа стотици ултраси на парискиот клуб.