Навивачи

Навивачите на Барса на презентацијата на Чави го пцуеа ПСЖ

На 23 мај 2015-та и кажа збогум, на 8 ноември 2021-ва и се врати. Врската меѓу Чави и Барселона е нераскинлива и беше само прашање на време кога ќе се сретнат повторно. Овој пат во нова улога која ја добива во деликатен момент за клубот и играчки и финансиски.

Паролата на навивачите на Милан до Чалханоглу

Откако блеснаа со фантастична кореографија, навивачите на Милан организирани под името Curva Sud, го исвиркуваа довчерашниот играч на тимот Хакан Чаланоглу кој премина во Интер. Тој постигна гол од пенал на дербито и со прст ги замолкнуваше тифозите на росонерите горе на трибината.

Еве ти 10 марки да навиваш за Тузла

Малиот навива за Посушје, на гости доаѓа Тузла и повеќе не навива за Посушје. Тренерот го подмачка со 10 конвертибилни марки (300 денари) за да навива за Тузла. Сцената не е од селски фудбал, туку од првата босанска лига.

Атмосферата на големото дерби во Шведска

Гетеборг и Малме одиграа супер меч од шведската прва лига. Гостите кои се борат за титулата, славеа победа 0-2 со двата гола на Сорен Рикс и со нови три бода сега имаат 54 на прво место на табелата. Втор е Дјургарден со 53, на три кола до крајот. Атмосферата на големото дерби во Гетеборг беше прекрасна.

Навивачите на Милан блеснаа со посебна кореографија на „Дерби дела Мадонина“

Секоја кореографија на градските ривали во Италија е приказна за себе и тоа на некој начин претставува дерби и меѓу навивачките групи. Овој пат го добија фановите на Милан кои одушевија и со идејата и со реализацијата. Едноставно ја погодија темата.

Убавина од атмосфера со навивачите на Ајакс

Не им ја знаеме песнава и не ги разбираме што пејат, ама тоа е најмалку битно во случајов. Она што плени е самата мелодија, која е некако многу пријатна за слушање и начинот на кој ја изведуваат, како хор. Уживање. Оптеретете ги малку звучките.

Навивачите на МЗТ со транспарент: Перо Кантиќ

Градското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички беше за момент во прекин, поради транспарент на домашните навивачи, наменет за претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија.

Баскиско не е сеедно

Големото дерби на Баскија меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао во неделата заврши 1:1. Сосиедад е изненадно прв на табела во Ла Лига со 25 бода но и меч повеќе од многу ривали за врвот. Дербито во Сан Себастијан ќе се памети по еден залутан симпатичен навивач на Билбао кој со цел памет отишол на најбучната трибина со домашни навивачи. Ама не само што никој не го закачал, туку и го частеле пијалак и го чувале.

И камерманите одлепуваат по Вардар

ФК Вардар има голема поддршка и во втора лига, а хит на колото е камерманот кој го понесе атмосфера и кој има можност да види како е кога него некој го снима. Се работи за мечот против Гостивар, кој црвено црните го играа на стадионот на ФФМ и го добија со 3:1.

Хулиганска пандемија по фудбалските стадиони ширум светот

Од средината на август кога почнаа новите фудбалски сезони 2021/2022 во повеќето земји во светот, до изминатиов викенд, скоро и да немаше коло а некаде да не избиеше мала навивачка војна.

Млатење на сред меч, Ајакс vs Хераклес

Фудбалерите на овие две екипи одиграа 0:0, а според снимкиве личи дека нерешено било и на трибини, кои ги знае. Инаку домаќини се Хераклес.

Гостување во Венеција со траект директно до стадион

Стадионот „Пјер Луиџи Пенѕо“ во Венеција има капацитет од 11.150 места. Се наоѓа на прекрасна локација, на самото Јадранско море а во близина на стадионот има и станица за разни морски пловила. Изграден е во 1913 година и е втор најстар стадион во цела Италија.

Навивач на Брондби останал заглавен во Глазгов, па другите навивачи му собрале пари да се врати дома

Минатиот четврток данскиот шампион Брондби гостуваше кај Ренџерс во Глазгов и изгуби 2-0 во рамки од групната фаза на Лига Европа. Еден 18-годишен навивач на данскиот клуб ќе го памти ова гостување по многу нешта.

За Македонецот кој се прослави на Олд Трафорд

„Кога Ерик Кантона постигна гол, начинот на кој го прослави и реакцијата која ја предизвика кај навивачите, беше доволна да си кажам тоа е тоа“.

Лацио го суспендираше дресерот на орли, најверојатно ќе го бркаат од работа

По сјајниот триумф на Лацио во големото римско дерби против Рома 3:2 на 26. септември, на теренот покрај играчите и тренерот Маурицио Сари, се прослави и соколарот во клубот, Шпанецот Хуан Бернабе. Но сега се соочува со отказ.

Македонски навивач експлодираше од радост на Олд Трафорд

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се кренаа јуначки после непријатната негатива од 0:2 против незгодната Аталанта. Но потоа следуваше феноменален пресврт по кој камерите зумираа навивач кој еуфорично ја славеше победата. Излезе дека е наш човек.

Навивачки подвиг со 48 пива

Кристијан е веќе славна личност во Холандија, а телефонот ќе му прегорел. 300 барања за пријателство добил на Инстаграм. Ако се сите овие од неговата трибина, тешко него.

Играчите на Тотенхем ја стопираа играта за да спасат живот на навивач на Њукасл

Новите газди на Њукасл имаа многу што да видат на првиот нивен меч на Сент Џејмс Парк. Њукасл поведе во 2 минута, Тотенхем си даде смешен автогол, гостите победија 2:3 со пресврт, ама и покажаа дека има поважни работи од фудбалски триумф.

Ама не скокајте сите наеднаш, ќе попушти трибината

Витезе го доби НЕЦ на гости со 0:1, победа која ја славеа заедно со играчите. Во еден момент имаше мал застој во славењето. Требаше да се избројат луѓето, дали се сите живи и здрави. Велат дека немало повредени.

Унгарци се степаа со полиција на Вембли во Лондон

Во Група И од квалификациите за Светско првенство 2022 синоќа имаше инциденти во Тирана и во Лондон. Албанските навивачи фрлаа се и сешто по полските фудбалери и направија прекин, а унгарските навивачи кои гостуваа во Англија, се степаа со полицијата.

Во Тирана имаше прекин, Левандовски и соиграчите торпедирани со шишиња

Полска имаше жешко гостување во Албанија во мундијалските квалификации, а во еден момент од второто полувреме, гостите од безбедносни причини се повлекоа во соблекувална и потоа се вратија за да го доиграат мечот.

Навивачи на Филаделфија Иглс со полиција ги вадеа од тоалет

Најслаткиот чин одлучуваат да го прават во машкиот тоалет на стадион за време на натпревар од НЛФ. Ама некој ги пријавил во полиција и им го расипува ќеифот. Полицијата е трпелива, а публиката ги чека со сеир.

Некој им светеше на Германците со ласер, ФФМ го чека казна

Најпознатиот германски медиум Bild пишува дека во Скопје бил исвиркан почетокот на германската химна и дека на репрезентативците на Германија неколку пати им било светено во лице и очи со ласер.

Спектаклот на „Дербито на близнаците“ и најоригинална кореографија со детето како ултрас

Додека викендов фокусот беше ставен на пресметки како Ливерпул - Манчестер Сити и Атлетико Мадрид - Барселона, на Скандинавија се играше дербито со најголемо ривалство, кое трае точно 130 години. Домаќините блеснаа со кореографија за кавер.