Навивачи

Морбиден банер на навивачите на Јуве за Ањели

Познато е ривалството меѓу Интер и Јувентус, како и нивните навивачи. Имало разно разни банери, ти ваков, ти таков, ама не се сеќаваме на ваков тип на парола и тоа поставена од навивачите на Јувентус за газда Ањели, која гласи вака:

И Интер има свои Тициано Крудели во студио

По 120 минути битка, веројатно сите на полноќ синоќа се остреа за пенали меѓу Интер и Јувентус. Ама тоа задоволство за нас, а стресно за играчите го скрати Алексис Санчез со гол во последните мигови, вреден пехар за нероаѕурите во Супер Купот на Италија.

Навивачите на Венеција и Милан водеа војна на вода

На стадионот Пјерлуиџи Пенцо има опција да се стигне со брод. Навивачи на Милан се решија за таква авантура, ама наидоа на домаќините, па настана необичен судир зачинет со пиротехничко шоу. Инаку Венеција - Милан заврши 0:3.

Рокај звучките со една италијанска, Инсиње ни доаѓа во Торонто

По 12 години престој, Лоренцо Инсиње на лето го напушта Неапол и се сели во Торонто кој му спакува богат договор од пет сезони во кои ќе заработи 60 милиони евра. Да видиме какво е расположението за тоа што им доаѓа еден од најдобрите италијански напаѓачи во моментов.

Навивачка со една порака спаси живот на тренер по хокеј

Брајан Хамилтон од Ванкувер Канакс живее втор живот благодарение на стручноста, внимателноста и добрината на една навивачка. Гестот и го наградија во голем стил.

Радовишки навивач vs струмички судија, прекрасна средба

Едни велат дека зад убавиот репортоар на зборови стои Тони Дрога од Радовиш, други дека тоа е Марчело Липи задолжен за балкански пазар, а трети дека се работи за Роберто Баџо кој влегува во вербален дуел со судиската тројка.

Кога на 31-ви спрема 1-ви сакаш да влезеш на стадион

1. Се работи за навивач на Рома, кој веројатно има шуплива глава.
2. Требал барем да ја спушти маската, за колку толку да се сокрие од срамот.
3. Тој што снима требал уште да снима.

Топ 10 навивачки групи за 2021

На сега веќе традиционалниот избор на најдобри навивачки изданија за годината која изминува, сајтот Ultras World прогласи Топ 10 едиции од 2021-ва. Кои од кои подобри.

Леташ 11.000 км за Премиер лига и ти ја одложуваат поради Ковид

И плус требало да биде божиќен подарок...За среќа на малиот, му се случува неочекуван пресврт.

Ултрасите на Лацио го гонат најдобриот одбранбен играч од клубот кој ги разгневи

„Сме протестирале против многу почесни играчи и витези како Кинаља, Неста, Михајловиќ. Сме оделе во тренинг базите на Рома и Лацио да истераме правда, не па со тебе неблагодарнику“.

И да не играте, ние ќе ве бодриме - тифозите на Салернитана поминале 884 километри а екипата не им дојде

Салернитана не допатува во Удине, ама дојдоа навивачите на празен стадион

Како е регулирана употребата на пиротехника во Норвешка и Данска?

Руската Дума (Госдума), долен дом на Федералното Собрание на Руска Федерација пред неколку дена и дефинитивно го изгласа предложениот закон за тн. навивачки ај-ди, идентификациска карта со која секој навивач ќе може да влезе на стадион. Навивачите бурно реагираат на репресија и наведуваат примери од Скандинавија и Германија.

Навивачка итроштина за пиво во Копенхаген

Стадионските трибини секогаш имаат некој досетлив мајтапџија што ќе смисли нешто со што ќе ги насмее сите ама некого школски ќе зезне.

Убавиот гест на битолчани кој му даде дополнителен шмек на дербито

Ракометната драма на терен која заврши со нерешен резултат и навивачката војна на големите ривали кои се кошкаа преку навредливи пароли, беа надополнети со симпатична иницијатива на домаќините која се покажа како успешна.

Комити и Чкембари водеа војна на трибини преку пароли

Додека Вардар и Еурофарм Пелистер биеја тешка и неизвесна битка до последна секунда, многу важна и најверојатно клучна во борбата за титулата, по долги години ривалството меѓу Комити и Чкембари можевме да го видиме и на трибините во Боро Чурлевски, со навивање и провокативни транспаренти.

Бразилска стадионска фешта каква што нема во Европа

Во меч од последното 38. коло во бразилската Серија А каде Атлетико Минеиро после 50 години стана шампион, играа меѓу другите и Форталеза и Баија. Гостите се бореа за опстанок, домаќинот за прв историски пласман во Копа Либертадорес (јужноамериканска Лига на шампиони). Победи Форталеза со 2-1 а сите три гола паднаа од пенал.

Навивачката глупост број 1 на сезоната е дело на Балистите

Шкендија викендов го совлада Пелистер со 2:1 со гол на 6 минути до крајот. Сè тоа убаво се додека капитенот Бејтулаи не почна да слави кај своите навивачи. 

Пиротехничко шоу во Холандија на тренинг кој се одржа во 5 сабајле

Не е тоа адекватно време ни за бурек, ни за чорба, ни за ништо, освен за сон. Ама Холандија е тоа, скроз друг менталитет. Од 5 рекле, од 5 ќе тренираме.

Во Германија пак затвораат стадиони поради новиот сој, Дортмунд вратил 67.000 купени карти

Сè погласно се зборува дека фудбалот одново може да остане без навивачи - новиот сој на коронавирусот тн. омикрон силно влијае на посетеноста на спортските настани во некои земји.

Хулиганите на Легија клоцаа полицаец на земја

Што време дојде, навивачи да воспоставуваат ред и мир на трибини. Снимкава на која полицијата е во подредена улога е од синоќешниот меч меѓу Лестер и Легија Варшава во Лига Европа. Чудна дефанзивна тактика на англиските џандари.

Навивачкиот хор на Флуминенсе e нешто посебно

Флуминенсе го совлада Интернационал со 1:0, доволна победа за по кој знае кој пат да ја чуеме онаа препознатлива јужноамериканска страст за фудбал. Ова го нема во Лига на шампиони.

Фото на колото за која како да ви кажеме

Викендов се играше Лацио - Јувентус, меч од кој на социјалните мрежи кружи фотографија за која штета што нема инфо. Барем да дознаевме од каде е ликов.

Убавина од атмосфера во Сплит, цел стадион ја пееше Цесарица во еден глас

Фудбалскиот празник во недела мина во знакот на екс ју репрезентациите кои синхронизирано газеа во битка за Мундијалот во Катар. Хрватите беа на -2 од Русија, но ја добија со помош на автогол и го заверија пласманот. Погледне ја оваа магична увертира на Пољуд, со еден од најубавите балкански хитови.