Зошто You’ll Never Walk Alone е трагична песна а сите ја сакаат

Веќе 55 години навивачите на Ливерпул пред секој меч ја исполнуваат легендарната песна You’ll Never Walk Alone - и тоа не е просто само традиција, туку веруваат дека им носи чуда.

Истанбулското финале на Лига на шампиони 2004/2005 беше таков случај.

После првото полувреме „Црвените“ губеа со страшни 0:3 од Милан, а стадионот се подели на весели Италијанци и расплакани Англичани. Во еден момент се се сменило кога неколку навивачи на Ливерпул запеале.

„Седев на студениот бетон меѓу редовите, пробував да се помирам со тоа што се случи. Бев скршен. Во еден момент негде од подалеку се слушнаа гласови кои ја пееја You’ll Never Walk Alone. Само првите неколку збора. Останав таму каде што бев, продолжив да тагувам. Другар ми бесно викна: „Оваа песна не е одговор на сите прашања!“, се сеќава навивачот на Ливерпул, Пол Џорџ.

„Но песната стануваше сè погласна и погласна, луѓето стануваа од столчињата и им помагаа на другите да станат. Воскреснаа. Неколку спорадични гласа за секунда се претворија во сплотена маса од надеж и солидарност. Тоа беше најискреното исполнувае на You'll Never Walk Alone кое до тогаш сме го слушнале. Секој збор од песната беше испеан со верба и страст. Италијанците мислеа дека веќе победија и славеа на спротивната страна од стадионот, а ние во тоа време бевме раштркани по сите трибини и кренавме црвени шалови. Како една песна го смени нашиот став. Гледав исправени фигури кои станаа посилни, кренаа глави и храбро гледаа напред“.

„Во Европа нема клуб со таква химна. На светот нема клуб кој е толку поврзан со своите навивачи. Јас бев таму и се наежив - 40.000 навивачи станаа едно нешто, ја поддржаа својата екипа“, изјавил Јохан Кројф кој фамозната вечер бил на стадионот ’Ататурк’ и ја видел магијата во живо.

Песната YNWA првпат не е испеана во Ливерпул, ниту во Англија

YNWA е смислена и составена изворно во Њујорк.

Автори биле композиторот Ричард Роџерс и текстописецот Оскар Хамерстајн. Според една верзија, мотивот му дошол во глава на Роџерс на погребот на најдобриот другар. Според друга верзија - тандемот се инспирирал од тоа што се ближел крајот на Втората светска војна.

Како резултат на тоа хармонично се воспеани трагедијата и надежта, според што лесно е да се поверува во двете верзии. Првпат песната се слушнала на 19. април 1945 година во бродвејскиот театар - на премиерата на мјузиклот „Карусел“. Темата е од расказ за пекар и девојка со мелница. YNWA во претставата се слуша два пати: во сцената кога главната хероина ја теши братучед по скорешното самоубиство на нејзиниот маж, и вториот пат, кога детето на главните протагонисти коешто е посвоено, за првпат во животот се среќава со чувство на осаменост.

Роџерс за „Карусел“ напишал дваесет песни, но гледачите ја запомниле You'll Never Walk Alone најмногу од сите останати. Американскиот композитор Ирвинг Берлин го споредил синглот со дваесет и третиот Псалм. Кога извесен џезер Мел Торм му кажал на Роџерс дека YNWA го расплакала, тој радосно извикал: „Така и треба да биде“.

Можно е дека, земјата, која се опоравила од Големата Депресија и војните во оваа песна гледала надеж и обединување.

„Малку што во песнава е светло. Таа се состои од чист трагизам на битието со малку надеж. ’Оди низ бурата, низ дождот, дури и ако сите твои мечти се уништени и однесени од ветрот’. Оваа песна е во директен однос со прашања за животот и смртта.

Се зборува за песна која се изведува и на свадба а некогаш и на погреб. Никој не може да ги додржи солзите кога ја слуша зошто потсеќа на изгубени животи. Некој за време на војната во Виетнам ја пеел за себе кога тргал во смртоносен бој“, вели новинарот Калашников кој се занимавал со тематиката на најпознатата навивачка песна.

Во САД и самиот мјузикл и самата песна биле многу популарни. Во 1956. година ги префрлиле на екраните. По замисла на режисерот, главната улога во филмот требал да ја игра Френк Синатра, но меѓу него и екипата која снимала имало недоразбирање.

Во ’50-те години филмот го снимале два пати на две различни страни. Според една верзија, кога Синатра дознал за тоа дека има две снимања, им рекол: „Вие не може да добиете двајца Френк Синатра по цена на еден“. После Синатра попуштил и го испеал саундтракот за филмот меѓу кој била и You'll Never Walk Alone. Кавер на овој хит направиле многу ѕвезди од ’50-те: Рој Хамилтон, Реј Чарлс и Луј Армстронг.

Во 1963. година се случил преломниот момент. Песната станала популарна и во Велика Британија благодарение на ливерпулската група Gerry & The Pacemakers. Нивниот кавр убедливо водел на сите британски топ листи.

Менаџерот на групата, Брајан Епстајн којшто ги претставувал интересите и на The Beatles не сакал Pacemakers да преработуваат стара американска песна туку барал да ја снимат песната Hello Little Girl изведена со Џон Ленон. Лидерот на групата Џери Марсден стоел на своето и испаднал во право.

Во ’60-те години Ливерпул бил прогресивен клуб каков што е и денес. Викал ди-џеи кои пред секој домашен меч пуштал 10 најпопуларни песни на неделата. Меѓу песните секогаш имало познати - од The Beatles, Cilla Black и Gerry & The Pacemakers. Навивачите уживале.

YNWA првпат се појавила на хит-парадата на 19. февруари 1963 година пред домашниот дуел против Вест Бром. После две недели песната била прва на Топ листа и ја пуштале дури и пред почетокот на натпреварот со Лестер. Хитот останал на првото место четири недели а од Топ листата не излегла цели десет недели!

Дури и кога песната веќе не била на Топ-листата, навивачите сакале да ја слушаат пред почетокот на секој нивен натпревар. Клубот брзо сфатил и наскоро YNWA била пуштана пред секој меч на Ливерпул. Од тој момент и станала химна на клубот.

Во 1965. година навивачите на Ливерпул ја згрмеле YNWA за време на победничкото финале во ФА Купот против Лидс на Вембли, а коментаторот Кенет Волстенхолм го нарекол синглот брендирана песна на Ливерпул.

Иако YNWA прво асоцира на Ливерпул, оваа песна ја пеат и навивачи на 20 клуба во светот (меѓу нив на Борусија Дортмунд, Селтик, Токио, ЦСКА Софија и др.).

Има и такви коишто ја присвојуваат, како на пример една навивачка на Манчестер Јунајтед која во 2004. година јавно рекла дека „Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд првпат ја испеале песната по Минхенската трагедија во 1958. година. А во Глазгов се исто сигурни дека светскиот хит го промовирале први навивачите на Селтик.

Во 1992. година во чест на 100-годишнината на клубот, амблемот на Ливерпул бил изменет а била доградена и портата за влез на трибината Шенкли на која пишувало You'll Never Walk Alone. Денес никој веќе не сомнева кому му припаѓа оваа песна и до кого е најблизу.

После Хилсборо YNWA ја пееле дури и навивачи на Евертон

„Зошто симбол на фудбалот станала баш таа тешка песна која не можеле лесно да ја испеат ни главните творци, по нивно признание? Зошто песна за смртта и скршени соништа? Зошто не „Ole-ole-ole, we gonna celebrate“?

Веројатно затоа што фудбалот е трагичен по природа. На стадион се доаѓа со желба за единство, со желба за катарза, секој повеќе сака да биде со луѓе а не сам. Радоста обединува, не спорам, но тагата обединува каде каде повеќе и посилно. За освоени трофеи оваа песна може да се пее многу години, но по трагедијата на „Хилсборо“, нема никогаш да престанат да ја пеат“, вели новинарот Калашников кој истражувал сè за оваа песна.

На 13. април 1989 година Ливерпул играл во полуфиналето на ФА Купот против Нотингем. На стадионот „Хилзборо“ настанало стампедо во кое загинале 96 навивачи на „Црвените“.

„Смислата на песната се измени. Ние не им се обраќаме само на фудбалерите дека никогаш нема да останат сами и не им викаме да ги држат главите високо кренати и да не се плашат. Сега ние ја пееме You'll Never Walk Alone и за тие 96 кои не напуштија“, се сеќаваат навивачите на Ливерпул.

19. април, шест дена после трагедијата во Купот на Европските шампиони (денес Лига на шампиони) играле Реал и Милан а мечот бил прекинат за едно минутно молчење. 20 секунди „Сан Сиро“ бил болно тивок а во еден момент Curva Sud - трибина каде стојат најверните навивачи на Милан ја запеале YNWA во чест на загинатите Ливерпулци.

Мечот со Нотингем бил преигран, Ливерпул победил и се пласирал во финалето каде ги чекал лутиот градски ривал Евертон. Дербито се играло на Вембли а пред судиското свирче за почеток, групата Gerry & The Pacemakers ја испеала YNWA во чест на жртвите од катастрофата на Хилзборо.

Во 2013-та во интервју за официјалниот сајт на Ливерпул, солистот на грипата Џери Марсден раскажал како било дента: „Ја испеавме песната после Хилзборо и навивачите беа фантастични. Дури и оние на Евертон пееја со нас. Тоа беше магично, најубав ден во мојот живот“.

За многу жители на Ливерпул песната за надеж станала исцелителна. После финалето со Евертон, Маргарет Аспинол од групата за поддршка на семејствата на жртвите од Хилзборо рекла за YNWA: „Таа многу ни значи, просто е наша молитва. И денес им припаѓа на семејствата, она е наша. Прости ни, Џери, но таа им припаѓа на тие 96-мина.“

Во 1967. година Елвис Присли ја испеал YNWA како што рекол во чест на неговиот идол од детството Рој Хамилтон (кралот на рок-ен-ролот признал дека оваа песна во изведба од Хамилтон многу го погодила). Хитот го препевувале уште дваесетина топ музичари.

Песната силно влијаела и на музичката индустрија, не само во фудбалот. На концертите на Queen и Pink Floyd гледачите ја пееле YNWA за да ги вратат музичарите на бина. Гитаристот на Queen Брајан Меј раскажал дека спонтаната изведба од публиката ги натерала да се вратат на бис и да ги отсвират класиците We Are The Champions и We will rock you. Во 1971. година Pink Floyd на својот албум ја ставиле YNWA во навивачка верзија на својот албум Meddle.

За останатиот свет You'll Never Walk Alone станала симбол на надеж и единство.

На 11. мај 1985. година за време на голем пожар на стадионот во Бредфорд загинале 56 луѓе и Џери Марсден тогаш ги собрал глумците, пеачите и други познати личности во ансамблот The Crowd за да го снимат синглот во чест на настраданите од пожарот.

Во 2001. година американската пејачка Барбара Стрејсенд ја испеала YNWA во чест на жртвите од терористичкиот напад на 11. септември 2001-та на церемонијата Emmy. Оперската пејачка Рене Флеминг два пати го испеала синглот: на годишнина од терористичкиот напад во САД и на инаугурацијата на Барак Обама на 20. јануари 2009. година.

Највпечатливата изведба се случила во 1990. година во Лондон. На Вембли имало концерт посветен на ослободениот Нелсон Мандела кој излегол од затвор после долги години. Кога Мандела се појавил на сцената, го чекале 5-минутни овации коишто се претвориле во спонтана изведба на You'll Never Walk Alone. Избезумениот Мандела прашал за што е таа песна и му кажале: „Фудбалска песна е“.