„Везув посипи ги со оган“

Најгрдиот и најдискриминирачки извик кој може да се чуе на трибините во Италија за Наполитанците гласи: "o Vesuvio Lavali col fuoco". Такво нешто вчера извикуваа навивачите на Сампдорија, а во обид да ги спречи се појави и претседателот на клубот Масимо Фереро, но и тој си доби среден прст.

Место да биде релаксирачки дуел меѓу две екипи кои синоќа не се бореа за ништо, мечот во претпоследното коло меѓу Сампдорија и Наполи се претвори во скандалозен, само поради одредени ликови меѓу домашните навивачи кои почнаа со дискриминирачко скандирање:

"o Vesuvio Lavali col fuoco" (Везув посипи ги со оган)

Судијата во еден момент го прекинаа мечот, а на терен влета претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро кој не успеа да смири ситуација.

„Нашите навивачи се за пример, тој што прави вакви одредени гестови не му припаѓа на фудбалот. Фудбалот е љубов и страст во секој град. Самп е среќно семејство и тие четворица избркани од дома немаат врска со фудбал“, изјави Фереро.

Се згрози и коментаторот кој ги осуди торковците кои се гледаат во пренос како му покажуваат среден прст на Фереро. Меѓу нив и едно дете.

Моментот кога судијата го прекина мечот и кога се слушаат тие извици.

14 мај 2018 - 13:46