Тотенхем поубава соблекувална за финале ќе најдеше во Велешта

Ливерпул и Тотенхем, заедно со УЕФА полека се спремаат за епското финале на Лига на шампиони, на 1. јуни во Мадрид. Според најавите, Ливерпул ја добил домашната соблекувална на Атлетико Мадрид, а Тотенхем гостинската која е далеку понеопремена.

Иако Тотенхем ја доби улогата номинален домаќин, тоа не им послужи да ја добијат домашната соблекувална на прекрасниот стадион „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Спарси ќе се соблекуваат и спремаат во гостинската соблекувална а Ливерпул во домашната.

Организаторот на финалето соопштил дека оваа одлука е донесена само од безбедносни причини, затоа што навивачите на Тотенхем ќе бидат сместени на северната страна од стадионот па затоа на клубот му е дадена гостинската соблекувална која е поблиску до северниот дел.

А „скаузерс“ ќе стојат на јужната страна од стадионот каде се наоѓа соблекувалната на Атлетико.

Според видеата и сликите, очигледно е дека тимот на Јирген Клоп ќе има покомфорна соблекувална отколку Тотенхем. Еве како изгледа просторијата во која Ливерпул ќе се пресоблекува:

А еве каде Спарси ќе се облекуваат пред да истрчаат на терен:

Сигурно е дека УЕФА до финалето ќе ја украси и декорира соблекувалната на Тотенхем која ќе заличи поинаку од сега.

На страна ова, стадионот „Ванда Метрополитано“ важи за еден од светски најмодерните арени. Отворен е во септември 2017 и собира 68.000 гледачи, но за финалето на ЛШ од безбедносни причини капацитетот ќе биде намален до 63.000 гледачи.