Тифозите на Лацио не пуштаат жени во првите редови

На отворањето на Серија А, во првото коло Лацио изгуби дома 1-2 од Наполи во меч на кој Чиро Имобиле даде прекрасен гол, а навивачите на северната трибина ги дочекаа чудни флаери.

Во порака потпишана од лидерот на групата Иридичубили која што го води организираното навивање на средбите на Лацио стои:

„Север за нас претставува свето место. Место со непишан кодекс кој треба да се почитува.

Првите редови, отсекогаш ги доживуваме како прва рововска линија.

На нив не дозволуваме жени, сопруга и девојки, и затоа ги повикуваме да се позиционираат од 10. ред па нагоре.

Кој го бира стадионот како алтернатива за една романтична прошетка во Вила Боргезе, нека оди на другите сектори од стадионот“,

Директива од Диаболик Плуто.

Вила Боргезе е едно од поголемите шеталишта во Рим, а Диаболик е лидерот (водач) на групата Иридучибили.

Во меѓувреме италијанската јавност е фрапирана од ваквиот став испишан на флаерот и ги потсетува навивачите на Лацио дека во сите војни низ историјата на Италија многу жени биле во првите борбени редови и го дале животот за слобода и човекови права.

Дали најверните навивачки на Лацио ќе ја почитуваат оваа „одредба“ останува да видиме на следните домашни мечеви на римскиот клуб.

19 август 2018 - 13:04