Што е ова, навивачка или воена армија?

Кога ќе речат наоружани навивачи, заборавете на сè што сте виделе досега и погледнете ги овие што поседуваат. Не се ова фотки од втора светска војна, туку од навивачи на Јувентус кои како да се спремаат за трета.

Се работи за ултраси на Јуве кои се екстремни десничари и нацисти поврзани со ист таков ков на навивачи кои по се изгледа хобито не им е да гледаат фудбал и да бодрат, туку да направат што по језива компилација на оружје.

Ова што се гледа на фотографиите е скандалозно, страшно, опасно и ептен лудо бидејќи дечкиве се навивачи, а поседуваат пушки, пиштоли, митралези, ножеви и што уште не, а дека се на друг левел од другите може да се види по следното. И ракета имаат.

Италијанските медиуми пишуваат дека ракетата е француско производство, а донесена е од Катар. Во акцијата на полицијата која ја следела оваа група уапсени за тројца навивачи, а арсеналот на оружје го пронашле во хангар на аеродромот во Павија.

17 јули 2019 - 14:41