Приказната за најекстремните навивачи на Интер кои исчезнаа за 3 години

Веста за нивното прво појавување на насловните страни била дека го демолирале центарот на градот Комо, а учесници се на една од најозагласаните тепачки во историјата на ултрас сцената во Италија по која пола од нив не смееле да стапнат на стадион. Па сега видете вие.

Навивачката група била со краток рок, но се работело за збирштина на лудаци кои успеале да и направат на државата многу проблеми. Членовите потекнувале од центарот на Милано кој впрочем и го држеле под контрола.
 
На почеток биле десетина, но сите спремни за инциденти на веќе развиената скинхед сцена во 80-те. Напаѓале кого ќе стигнат од мигранти, Мароканци кои продавале роба на улица, до обична младина која навивала за Милан.

Првото нивно претставување се случило на 6 мај 1987-ма во Куп натпревар меѓу Интер и Кремонезе, но тоа не било годината на нивното формирање бидејќи делувале веќе една година. Со натпис „Скинс“ имале нацртано секира со две остри страни, односно симболот на фашизмот, свастика.
 
Водач им бил Паоло Колива познат под прекарот „Армиере“, а блиски до него биле Дулио Кану, Масимилијано Бергоми и Лука Чекарели, сите со дебели досиеја за насилство и разни нереди на стадион и надвор од него, како и со издржани затворски казни.
 
Колива умрел во затвор од предозирање, а бил обвинет за обид за убиство на млади комунисти. Многу од ултрасите никогаш не биле признати како ултраси, туку повеќе како криминалци и наркомани. Интересно е што повеќето од Скинерите не биле социјални случаи, туку припадници на богатата миланска класа кои од бес и досада станале насилници.

Паоло Колива важел за харизматичен лик кој успеал да направи група од околу 100 Скинери. Стилот им бил искучително скинхед и за нив биле важни само три работи: наци фанатизмот, силна десница и љубов спрема Интер. Паоло ја држел групата како во војска, а пријателска врска држеле со навивачите на Верона и Лацио.
 
Дел од вестите поврзани со нив:
 
1987-ма: Скинерите го демолираат центарот на градот Комо, штетата е огромна, а тие се прв пат на насловните страници.

1988-ма: Непосредно пред мечот Асколи – Интер поминале пред трибината на домашните навивачи. Тепачката била неизбежна, а имало малку полиција. Подебелиот крај го изеле навивачите на Асколи, а Скинс биле виновни за смртта на еден од основачите на навивачката група на Асколи.
 
Инаку навивачите на Асколи тогаш имале мала и компактна група која дома била многу опасна, а тоа најдобро го знаат многу навивачи меѓу кои оние на Рома, Фиорентина и Сампдорија кои поминале многу лошо.
 
1990: На мечот Интер – Наполи се појавиле со транспарент: „Хитлер, со евреите исто така и Наполитанците“. Години пред овој натпревар имало крвави воведи за овој ден, како и неколку тепачки, како онаа кога во дискотека во Римини, Наполитанците со нож убиле еден од навивачите на Интер, што придонело потоа до огромни тензии.

На тој 5 февруари 1990-та се случила една од најлегендарните тепачки воопшто на италијанската ултрас сцена, а тој судир меѓу Наполитанците и Интеристите го снимиле две телевизии. Едната верзија е дека подобро поминале Скинерите, а другата е обратно, но она што е поважно е дека 55 Скинери, како и некои навивачи на Наполи добиле забрана за влез на стадион.
 
Тоа практично бил почетокот на крајот на оваа опасна група. Забраната, апсењето, како и масовниот полициски притисок придонеле последен пат да се појават на мечот Интер – Пиза, одигран на 21 октомври 1990-та.

Тие што останале во 1991-ва година ја формирале групата „Shining“, а во 1997-ма година се појавила групата „Zona Nera“, инаку здружена со „Irriducibili“ – Лацио. Познати се по тепачките со навивачите на Џенова, Рома и Милан за што може да се напише книга.
 
Дел од нив умреа од дрога или по затвори, а оние што останале се далеку од стадион. Паоло Колива умрел во 1993-та година.
22 август 2017 - 16:40