Поради љубов кон Рома го преживеал терористичкиот напад во Америка 2001

За она што му се случило на еден итало-Американец пред 17 години кога се случи страшен терористички напад во САД, медиумите дознаваат сега од неговата лична исповед.

„Моите родители се преселија во САД од Италија, а Рома беше насекаде во мојот живот. Му се восхитував на Франческо Тоти кого го гледав од почетокот на неговата кариера, и плачев кога Рома стана шампион во 2001. А ’Џалоросите’ уште и животот ми го спасија“.

Ентони Ѕомпарели работел во фримата Marsh & McLennan, чија канцеларија се наоаѓала на стоти спрат во една од кулите на Светскиот Трговски Центар.

Утрото на 11 септември Ѕомпарели заѕвонил на работа и им кажал дека Рома игра против Реал и тоа за првпат во новиот формат на Лига на шампиони а Ентони не смеел да пропушти таков меч. Плус што Рома првпат ја давале во директен пренос на американскиот канал ESPN а клубот бил шампион на Италија.

„За жал, наместо тој ден да биде голем ден за мене, се претвори во тотален кошмар.“

Како резултат на страшниот терористички напад загинале 291 работник од компанијата на Ентони од кои 10 биле негови мошне блиски колеги.

„Секогаш ќе му бидам благодарен на Бог и на Рома за тоа што сум жив“, вели во својата исповед Ѕомпарели.

Во 2002 година Рома дошла во Њујорк на пријателски меч против Реал Мадрид. Еден пријател на татко му на Ентони работел како таксист и го ангажирале за екскурзија за фудбалерите на Рома по градот.

Им ја раскажал целава неверојатна приказна за Ентони па Батистута и Дамијано Томази барале да им договори средба со него.

„Бев шокиран. Се запознав со Батистута, Томази, Кандела, Емерсон, Валтер Самуел, Панучи, Антониоли, Касано. За жал Тоти беше повреден тогаш и не допатува. Но пак, тоа бешше најсреќен момент во мојот живот.

На годишнината од трагедијата сакам да им кажам на сите - живејте го животот со полни гради. Буквално како утре да не постои. Немој да жалите за ништо.

Гушкајте ги саканите и уживајте во тоа што ве прави среќни“.

Ентони Ѕомпарели на крајот некако се сретнал со неговиот сакан идол Франческо Тоти. На првата фотографија среќниот Ѕомпарели е десно, а на втората од лева страна: