Парола за Ратко Младиќ на мечот Зенит - Вардар

Зенит е предаден на Дисциплинската комисија на УЕФА бидејќи беше забележан транспарент со политичка содржина на синоќешниот натпревар од Лига Европа против Вардар во Санкт Петербург. Навивачите на Зенит напишаа „Ратко Младиќ - херој на Србија“ и со тоа клубот ризикува казна од еден натпревар без публика.

Поддршка на воениот злосторник, кој завчера во Хаг беше осуден на доживотна затворска казна, му дадоа и навивачите на Звезда и Партизан, но без да го споменат неговото име во транспарентите.

24 ноември 2017 - 11:18