„Он ќе ужива во Лига на шампиони, а девојката лежи во гроб“

Пред да стане шампион на Англија со Челси во Премиер лига 2016/2017, шпанскиот лев бек Маркос Алонсо избегнал затворска казна за убиство без умисла на девојка му.

Маркос Алонсо често бил навредуван по англиските стадиони, а глобалната пандемија и празните трибини го спасија последните година дена да не слуша за страшното дело што го направил.

Во октомври 2019-та година навивачите на Њукасл, кои важат за најжестоки во Ангија цел меч му скандирале на Алонсо дека е „копиле од Макем“ - навредлив жаргон за навивачите на Сандерленд каде Алонсо играше на позајмица во 2014-та.

Шпанецот одговори на навредите со гол па дури и се осмелил да биде ироничен на Твитер после мечот. Но овие навреди и напади од навивачите на Њукасл се ништо во споредба со она што му го правеа навивачите на Тотенхем.

Шпанецот постигна еднаш два гола во победа на Челси против Тотенхем во сезоната 2017/2018 но навивачите му спомнуваа за трагедијата во која загинала девојка му која имала 19 години, а за чија смрт бил виновен тој.

Маркос Алонсо како што се викаат и дедо му и татко му кои исто биле многу познати фудбалери и играле за репрезентацијата на Шпанија а внукот и синот само ја продолжил династијата во Реал Мадрид. 

НАВРЕДИ ВО ОДГОВОР НА ПРИМЕН ГОЛ

На почетокот на сезоната 2018/2019 година Маурицио Сари го нарече Маркос Алонсо најдобар лев бек на светот, но кога Челси прими неколку гола по негова вина, во стартниот состав местото му го зема Емерсон.

На Инстаграм Маркос Алонсо за очајната форма го навредувале и навивачи на Челси.

„Се надевам дека ти ќе се повредиш и нема да играш до крај на сезоната“, му напишал некој не баш нормален корисник.

Алонсо морал да брише неколку објави и да ги забрани коментарите. После ги отворил пак но на неговите профили сега има само комплименти и пофалби. 

Иако играл за младинците на Реал, Маркос Алонсо само еднаш заиграл нецел меч за првиот тим и во летото 2010 го пратиле во Болтон. Почетокот на мај 2011-та година бил во Мадрид. Тогаш Твитер полека стануваше популарна мрежа па таму Алонсо објавил дека ќе се журка со неговиот другар и поранешен соиграч Хаиме Наваро.

„Излегуваме заедно за да се напиеме и уживаме во викендот. Какво играчиште, Хаимито!“, напишал Маркос Алонсо.

Ден подоцна излегла вест за страшна трагедија. 20-годишниот Алонсо изгубил контрола над возилото BMW кое го земал од чичко му. На враќање кон дома во колата имало негови другари, а Алонсо кој управувал со колата, скршнал од патот, се истумбал и удрил во заштитен ѕид од приватен паркинг. Кога девојка му испаднала од колата, таа веќе не дишела.

Докторите констатирале смрт само 30 минути по хоспитализација. Повредите ѝ биле тешки и таа не издржала. Повредите на другите патниици исто така биле многу тешки но не биле животно загрожувачки иако уште една девојка која се возела со нив две години се опоравувала. 

Експертиза покажала дека Алонсо во крвта имал алкол на 2 пати повеќе од дозволеното. Поради паничен напад тој не можел да го направи вториот алко-тест и барал анализа на крвта.

Маркос Алонсо бил обвинет за убиство од небрежност во сообраќајна незгода со неприлагодена брзина (112 км/час на место кај што ограничувањето било 50 км/час) и плус возење во алкохолизирана состојба.

Но тој избегнал судење и затворска казна. 

Рочиште требало да има 5 години подоцна, во февруари 2016-та. Но наместо затворска казна, фудбалерот Маркос Алонсо добил казна од 61.000 евра. Покрај тоа му ја одземале возачката дозвола на три години и четири месеци, но таа казна излегла фиктивна затоа што при поднесување приговор, веќе истекла.

Адвокатот Луис Ромеро кој ги застапува интересите на играчот изјавил дека на крајот сите три страни се согласиле со обвинителството и со обвинението. Не заседавала апелација за одлуката на судот.

Изданието La Razón пишувало дека семејството на загинатата девојка добило отштета од 500.000 евра од фудбалерот.

Кариерата на левиот бек продолжила во Болтон, Сандерленд и Фиорентина. Додека Шпанецот не постигнал 2 гола против Тотенхем, дури и навивачите на Спарс, омразениот ривал на Челси молчеле и не го спомнувале трагичниот настан.

Но од тој момент кога даде два гола, секој негов контакт со топката беше проследуван со жестоки свирежи и извици: „Убиец“.

Еднаш навивачите на Тотенхем дури и напишале парола на која имало нацртан автомобил и алкохол, со натпис: „Маркос Алонсо - тој уби девојка“. Спарс тогаш играле со Хадерсфилд, а не со Челси.

На крај Алонсо го спасила глобалната пандемија која во целост ги затвори стадионите ширум светот и тој немаше можност да слушне свирежи и извици од трибините.

По доаѓањето на новиот тренер на Челси Томас Тухел, Маркос Алонсо е стандарден првотимец.