Нередите на белградското вечно дерби

Црвена звезда го победи Партизан со 2-1 со голови уште во првиот дел, а дербито вообичаено помина со низа инциденти. Навивачите на Партизан од разни причини се поделени на дури три фракции па една од нив беше сместена во тн. „кафез“ меѓу јужната и западната трибина каде во второто полувреме имаше нереди и краток прекин на мечот.

Целиот хаос започна откако неколку навивачи на Црвена звезда од северната трибина понесоа со себе балони направени во облик на пенис и тргнаа кон свечената ложа да му „ги поклонат“ балоните на потпретседателот на Партизан, Владимир Вулетиќ.

Тоа беше иницијална каписла навивачите на Партизан да ја туркаат оградата за да влезат на Запад:

Ништо помирно не беше ниту на теренот каде во самиот финиш пред крајот црвени картони добија Мичел Доналд и Сејдуба Сума кои физички се пресметаа:

И за крај, ако некого воопшто интересира, головите од мечот:

Фото via Mondo.rs
Видео via Butasport.rs, Mondo.rs