Не Буенос Аирес, чекај да го видиш дербито на Казабланка

Во саботата вечер мароканските Раџа Казабланка и Видад се сретнаа во градското дерби на Казабланка. Ова е еден од најопасните натпревари на целиот континент Африка, а сигурно и пошироко.

Неколку дена пред натпреварот на стадионот „Мухамед V“ немало карти ни за лек. Навивачите на двата тима по секоја цена сакале да стигнат до драгоценото парче хартија со кое ќе влезат на стадионот кој собира 67.000 гледачи.

Видад и Раџа Казабланка го делат стадионот „Мухамед V“, нешто како Милан и Интер со „Сан Сиро“.

За време на ова огнено дерби една од трибините е цела со зелена боја (навивачите на Раџа), а другата страна е силно црвена (боите на Видад).

Од безбедносни причини полицијата и организаторите решиле да пуштат само 45.000 карти, иако делува дека нема игла каде да падне и дека има повеќе од 60.000 души на трибините.

Кореографијата на навивачите на Видад за која се зборува:

Според редовната поделба меѓу навивачите на секое градско дерби, клубот Видад наводно го поддржува средната класа а Раџа Казабланка работничката. 

141. дерби на Казабланка заврши 1:1. Видад и Раџа се сретнаа во првиот меч од четвртфиналето на арапската Лига на шампиони.