Навивачите на Ајакс со Боб Марли и во Лион

Фантастичната сезона на нивните клинци, кои направија чудо со пласманот во финалето од Лига Европа, навивачите на Ајакс ја бележат со песната Three little birds од Боб Марли. Каде и да гостуваше Ајакс, секаде ја пееја, па така беше и синоќа на дождливите улици на Лион каде еден уличен свирач се наполни со парички.