Северно Ирците ја донесоа

Најзаразната навивачка песна стигна и на Европското

Секогаш досетливите Ирци и Северно Ирци уживаат во Франција. Вториве преземаа една ретро песна после која сите сакаме нивниот напаѓач Вил Григ да даде гол на Европското.

Во 1996. година, синглот на италијанската пеачка Гала Рицато „Freed from Desire“ од албумот «Come to my life» буквално растури на сите Топ листи во Франција, Белгија, Италија и Данска. Кога стигна до Велика Британија, песната цврсто се вкорени во Топ 10 на сите музички канали.

20 години подоцна, навивачот на Виган, Шон Кенеди повторно ја наметнал веќе заборавената песна со преработен текст за еден од најдобрите стрелци на омилениот клуб и покрена грандиозна верижна реакција меѓу навивачите на Островот. Благодарение на друштвените мрежи, ремиксот стигна и надвор од округот Манчестер и веќе никој не можеше да го сопре.

Сега, репрезентативецот на Северна Ирска Вил Григ на кого е посветена навивачката преработка е најпопуларна фигура меѓу англиските медиуми а песната „Will Grigg's on fire" се ори каде и да игра репрезентацијата на Северна Ирска. Композицијата се ореше и синоќа на стадионот во Ница „Стад де Нис" каде илјадници Северно Ирци „ги заразија" останатите на и околу стадионот и сега рефренот тешко излегува од глава.

А Вил Григ? Иако ни звучи познато, за него ретко кој знае макар нешто. Григ е фудбалерот кој даде два гола и намести еден во историската и неверојатна победа на нисколигашот МК Донс над Манчестер Јунајтед од 4:0 во Лига Купот. Тоа беше најтешкиот пораз на Ван Гал на клупата на Јунајтед и воопшто во клупската историја.

Во МК Донс, Вил Григ дојде на позајмица од Брентфорд каде немал многу доверба кај тренерот. Во друштво со Деле Али (Тотенхем и репрезентативец на Англија) и Беника Афобе му помогнал на клубот од градот Милтон-Кинс да влезе во Чемпионшип, но необично Вил Григ останал во Лига 1 затоа што потпишал за Виган, клуб кој неодамна играше во Премиер лигата и сензационално го освои ФА Купот во 2013-та против Ман. Сити во финале а минатата пролет испадна во трета лига.

Вил Григ со 25 голови станал најдобар стрелец на лигата и бил најзаслужен за брзото враќање на Виган во Чемпионшип. И тука почнува забавата.

Враќањето на Виган во Чемпионшип се прославило со хитот „Will Grigg's on fire, your defence is terrified". Во еден момент на прославата, дури и возачите на камионите и автобусите низ градот застанале да го пеат најважниот стих: „Вил Григ е запален".

За сè е виновен Шон Кенеди, навивач на Виган чијшто омилен играч е Григ. Тој со помош на веб-камера во дрес на Виган снимал и преработувал познати хитови и ги правел навивачки песни. Најпрвин пријателите меѓу навивачите оцениле дека ритмичките препеви се врвни и набрзо ја прошириле на „Џеј Џеј Би" стадионот. Наскоро имал по милион гледачи на Јутјуб а неговите преработки се пеат насекаде низ Островот. Еден од најдобро оценетите коментари под неговиот фамозен клуп на Јутјуб гласи: „Сигурен сум дека ова го правел кога жена му не е дома".

Бранот ги крена и Твитер и Инстаграм, така што експлозивниот потенцијал на преработката ги заинтересирала и медиумите кои го барае Шон Кенеди за интервју. Први ја ископирале навивачите на Њукасл кој на Сент Џејмс Парк му пеат на Србинот Александар Митровиќ, "Мitro's on fire, you're defence is your defence is terrified".

Новиот хит се пее низ сите британски стадиони, а изумителот Шон Кенеди добил награда од харизматичниот претседател на Виган Дејвид Шарп „За најдобра навивачка песна во историјата на човештвото". Шарп, внук на Дејвид Вилан со кој Виган ги имаше најголемите успеси во историјата бил на Мајорка и вели дека луѓето таму се луди по оваа мелодија. „Скоро бев на Ибица, тешко е да видите некој што не ја пее мелодијава по улици навечер".

Твитер-акаунтот Will Grigg's on fire има преку 27.000 следбеници.

А што вели на сево ова Вил Григ? Во мајскиот пријателски меч на Северна Ирска со Белорусија, тој првпат дал гол за репрезентацијата пред преку 50.000 гледачи и просто го натерал Виндзор Пар да го згрми хитот во негово име.