Мангупски потег на навивачите на Лацио

Скоро две децении го мразат и го плукаат, ама на крајот сепак реалноста е дека без непријател како него немаше ривалството да го има истиот драж.

Понеделничкиот последен меч од претпоследното коло во Серија А мина во знакот на Синиша Михајловиќ кој со спектакуларно реми од 3:3 против Лацио на гости и обезбеди математички опстанок на Болоња.

Лацијалите го поздравија српскиот стратег кој беше дел од легендарната Скудето генерација на римскиот клуб, на крајот повторно славеа со играчите кои на последниот меч на сезоната на домашен терен го донесоа тазе освоениот пехар од Купот, но за време на мечот изненадија со еден потег.

Извадија транспарент посветен на Даниеле Де Роси кој по 18 години си заминува од Рома.

„Курва Норд го поздравува Де Роси, горд и неприкосновен непријатен на теренот“.

Ваква посвета имаа и пред две години кога една друга клупска легенда се прости од фудбалот, а тоа е Франчесто Тоти.

„Доживотните непријатели го поздравуваат Франческо Тоти“.

Тоа се тие убави потези со кои барем за миг се заборава на големото ривалство и се испраќа заслужен поздрав кон легендите со кои борбата во градските дербија беше пожестока.

Истовремено фрчат транспаренти од навивачи на Рома од повеќе земји, огорчени од односот на управата која и по 18 години верност не му го продолжи договорот на Де Роси.

21 мај 2019 - 14:00