Кореографијата за убиениот италијански навивач игнорирана од Скај Спорт

За ултрасите ваквите ликови претставуваат светиња, но на социјалните мрежи се предмет на убедување, дали воопшто заслужуваат простор на трибините кои практично ги воделе, па и создавале. Овој навивач беше поздравен дури и од градските ривали.

Римското дерби во второто коло од Серија А како никогаш до сега им го крена притисокот на навивачите со дури шест стативи од кои четири на Лацио, но за некои донесе и еден многу емотивен, за други контроверзен момент.

Пред судијата да го означи стартот на мечот на Курва Норд се појави огромна кореографија со ликот на Фабрицио Пишители познат како Диаболик или Диабло. Во преносот на Арена ја видовме, но на Скај Спорт ја немаше намерно.

Решија да ја игнорираат поради тоа што Диаболик, основач и водач на Иридучибили, со години беше познат како нарко бос.

Нивната теза е дека во етер не треба да се истакнува лик со дебело криминално досие. Тоа што Скај како медиум може и има право да го игнорира, во ера на ултра развиена технологија не е можно да се сокрие.

Кореографијата е претежно црна поради неговото убиство кое се случи на 7 август во парк во Рим, а пораката на навивачите силна:

„Не е за верување ако умре, бидејќи е способен дури и да се роди повторно“.

53 годишниот Диабло беше до толку почитувана фаца во светот на ултрасите, што му оддадоа почит дури и навивачите на Рома.

А пак збратимената навивачка група на Интер со Лацио се реши за вакво нешто:

Амбиентот на неговиот погреб

Местото на убиството

Емотивно видео од тоа како се правеше кореографијата на кое се појавува неговото семејство.

5 септември 2019 - 13:10