Кој ги ќари дресовите на Пандев и Столе во Љубљана?

Македонската фудбалска репрезентација на стадионот Стожице имаше голема поддршка од Македонци кои живеат во Италија. Организирано со автобус отпатуваа за да ги бодрат во Словенија, а овие им возвратија ептен како што треба. Џани на крај им беше водач.

Македонците кои пристигнаа од Италија во Љубљана беа ептен големо освежување и засилување на гостувањето на нашиот национален тим во Словенија, а толку беа расположени и гласни што постојано ги слушавме и на телевизискиот пренос како да се 500, а не 50.

За поддршката, македонските репрезентативци им се заблагодарија и им возвратија на ептен убав начин.

Овие верни навивачи ни се пофалија дека ги добиле дресовите на Горан Пандев и Столе Димитриевски, а на видеото се гледа дека момците на Мрме им фрлаат и шорцеви, стегачи и други делови од спортска опрема која ќе им остане за спомен.

Царот Гого Јовчев им ја даде јакната, а Алиоски на крај им прави „оле, оле“. Супер е ова за гледање, браво и за едните и за другите.

А знаете ли што бројка излегува кога ќе застанат Пандев и Столе еден до друг?