Кои беа Комитите во минатото

Имаме три историски видеа за гледање со Комитите од почетокот на 90-те, од едно друго време и со други ликови кои ги удрија темелите на западната трибина. Пејат слични и некои исти навивачки песни, но создаваат многу пожестока атмосфера и се многу побројни во времето кога фудбалот имаше поголем квалитет и жар.

Инциденти и интервјуа кои на лице место ги прави Миленко кој во тоа време се занимаваше со спортско новинарство. Некој може ќе се види на камера или ќе пропознае некој друг. Ние го препознавме Винце, еден од легендарните навивачи на Вардар.

Навивачки песни, димни бомби и бакљи на дербито со Пелистер одиграно на 24 февруари 1991-ва.

Репортажа на Сидор од МТВ од истиот меч, кој на големо го критикува однесувањето на навивачите. Од 4:00 видеото продолжува со микс на кошарка и фудбал со гласот на Миленко кој повторно се задржува на тема навивање.

 

20 ноември 2017 - 16:25