Како Неготинчани им пукаа сеир на Кавадарчани за возот

Во викенд со Бока – Ривер, Милан – Јуве, Сити – Јунајтед и Борусија – Баерн, одиме да видиме што се случуваше во нашиот второлигашки фудбал, поточно во тиквешијата каде и оваа година беше забавно на трибините. Можеби нема добар фудбал, ама има јаки навивачи.

Вардар Неготивно и Тиквеш го одиграа најнепопуларниот резултат во фудбалот (0:0), но локалното дерби од втората лига меѓу екипите оддалечени на само 11 километри и оваа година го одбележаа навивачките групи кои не даваат да мине во парастос атмосфера.

Кога овие две екипи се среќаваат, навивачите на Тиквеш познати како Лозари ги дриблаат Винари дека на нивниот стадион нема семафор.

И како што е редот, Винари овој пат се спремија со контранапад и направија импровизираната локомотива за да ги зезаат Кавадарчани дека немаат воз. Качија на него само еден навивач со факел и скандираа: „Иде воз, иде воз иде вооооооз“, а потоа сите во еден глас „Сите на возот“.

Големината на ривалството на овие екипи се виде на ден пред одигрувањето кога Лозари го запалија Кавадарци со пиротехничко шоу, како еден вид најава за нивниот најважен меч во сезоната.

Имале, немале квалитетен мак фудбал, овие цареви се погрижија да одбележиме нешто и од нашата тифо сцена. Дерби си е дерби, а тоа е секогаш поавтентично во пониските лиги.

12 ноември 2018 - 13:19