Како навивачите на Ливерпул шверцувале двајца мигранти од Париз во Англија

Големо хумано дело на „скаузерите“. Она што го направиле во Париз па сè до нивната англиска земја е за огромна почит.

На 28 ноември во Париз се играше големото дерби во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Ливерпул. Тој ден може да биде клучен во животот на двајца мигранти од Африка.

Мигрантите од африканскиот континент по секоја цена бараат спас во Европа. Состојбата во нивните земји е многу далеку од добра па тие бараат секакво чаре да отидат во поуредените системи.

Илјадници мигранти пробуваат со бродови, други по секаков друг пат, но никому не би паднало на памет да проба со навивачите на еден од најславните европски клубови. Мечот ПСЖ - Ливерпул во Париз беше совршена прилика за гостување на „скаузерите“ кои не штедат пари, време и енергија да ги бодрат „црвените“ каде и да играат.

Францускиот Le Monde носи неверојатна приказна за двајца мигранти од Африка, поточно од Судан, кои надвор од стадионот дошле до еден автобус кој ги превезувал навивачите од Англија во Франција и обратно.

Ним им било важно само да ја преминат границата и потоа во Велика Британија да бараат азил.

Во договор со хуманите навивачи на Ливерпул, едниот се скрил близу моторот а другиот меѓу багажот. Свесни дека илјадници нивни сонародници неуспешно пробуваат да ја минат границата кај пристанишниот град Кале, овие двајца решиле на опасен начин да ја пробаат среќата.

Од Париз до Кале има околу 295 километри или 3-4 часа возење со автобус а потоа патот до Англија трае уште неколку часа.

Кога конечно стигнале на англиско тло, навивачите го сопреле автобусот и ги извадиле преморените мигранти кои биле пресреќни што успеале. Во ситуација кога во Европа се води жестока политика против азилантите, навивачите на Ливерпул направиле големо хумано дело.

Ги качиле горе во автобусот, им дале храна и пијалаци и тие двајца делувале како да се исто навивачи на Ливерпул па не се криеле од полицијата.

„Не можам ни да замислам што се овие две момчиња минале во минатото. И ризиците низ кои поминале да стигнат во нашата земја“, рекол еден а друг коментатор напишал: „Оваа насмевка е чиста среќа“.

Сторијата ја пренел и локалниот весник Echo кој ги ставил на насловна со наслов: “Црвена рута до слобода“.

5 декември 2018 - 12:12