Излив на расизам од тифозите на Лацио

Пред дербито Милан - Лацио (1-0), стоперот на Римјаните, Ачерби изјавил како се подобар тим и доаѓаат во Милано по сигурна победа. На сето тоа, Бакајоко од Милан прво учтиво го разменил дресот со Ачерби пред крајот од мечот, а подоцна иронично го покажувал пред своите навивачи со соиграчот Франк Кеси.

Целиот настан доби продолжение, помалку очекувано, од навивачите на Лацио кои синоќа на мечот со Удинезе (2-0) скандирале: „Оваа банана е за Бакајоко“:

Се очекува реакција од италијанската фудбалска реакција и можно затворање на северната трибина од „Олимпико“ за некој од следните натпревари. 

18 април 2019 - 15:28