Играчите на Спортинг нападнати од хулигани, Ристовски е добар

Вчера 50-ина маскирани хулигани, приврзаници на Спортинг влегле во тренинг центарот и ги нападнале играчите и тренерите меѓу кои има повредени.

Гигантот од Лисабон цела сезона играше добар фудбал, стигна далеку во Европа, ќе игра во финалето на Купот на Португалија на 20. мај против Авеш и до последното коло се бореше за пласман во квалификациите за Лига на шампиони следната сезона, но кикснаа и останаа со Лига Европа во раце.

Но тоа апсолутно не е причина некој да ги навредува а уште помалку да крене рака на играчите и тренерите. Токму ова се случило вчера - кога во напад со метални шипки и палки сериозна повреда на главата доживеал најдобриот стрелец на екипата, Холанѓанецот Бас Дост. Повредени биле и Јосип Мишиќ и Родриго Батаља. Медиумите во Португалија шпекулираат дека нападот веројатно е дело на навивачката група Juventude Leontina, приврзаници на Спортинг кои утрово остро ги демантирале тие наоди.

По информации на TYC Sports, аргентинските бекови Маркос Акуња и Родриго Батаља донеле решение да ги раскинат договорите на своја штета и моментално да го напуштат клубот поради сериозниот инцидент.

A Bola пишува дека посекотини во тепачката заработиле Акуња, физиотерапевтот Марио Монтеира и аистентот Раул Жозе кои биле нападнати со нож.