Германскиот клуб кој ги нервира своите навивачи

Управата на Херта Берлин забрзано работи на модернизација на клубот. Со цел да привлече нови гледачи носат розева и портокалова опрема, користат англиски јазик за слоганите и стануваат полигон за трендсетери што им смета на конзервативните ултраси.

„Берлински стартап од 1892 година“. Таквиот слоган го пречекува секој играч во тренинг базата и одвреме навреме се појавува на рекламни паноа на улиците во Берлин.

Ова е новата маркетиншка кампања на Херта - екипа која со години се мачи со турбуленции и како искусно да ги мачи навивачите. Тој стартап е многу климав со години. Херта вечно трага за инвеститори, преживува, и никако не можеше да се издигне. Во последните шест години поминуваа низ еден вид на пекол: два пати испаднаа од Бундеслига, беа 15-ти, па 11-ти и дури минатата сезона покажаа знаци на живот.

Тоа сè е благодарение на тренерот Пол Дардаи кој работи така посветено што понекогаш му се случувало и да заборави синот да го однесе во школо со кола. Благодарение на Дардаи Херта во моментов е трета во Бундеслигата.

Препородот на Херта оди паралелно со агресивната модернизација. Минатата година раководството на клубот адекватно одговори на предизвикот: „Ако не можеме да бидеме најдобриот клуб во Германија, за да ги стигнеме Баерн и Борусија должни сме да станеме лидер по иновација. Можеме да водиме во дигиталниот пазар“, вели генералниот директор на Херта, Михаел Прец.

Прв чекор бил трансферот на 41-годишниот Паул Кеутер - еден од топ менаџерите во спортскиот сегмент на Twitter (на почеток бил шеф на спортскиот сектор во Германија, потоа работел на стратегијата на социјалните мрежи). Паул во детството играл фудбал, а подоцна кратко бил напаѓач во третата германска аматерска лига.

Немал перспектива како играч, па се фокусирал на маркетинг. Пред повеќе од 10 години Паул го направил официјалниот сајт на Херта, а потоа тргнал по фудбалските агенции. Не е чудно што во моментов е четвртиот човек во клубот и главен за дигиталната трансформација.

Со него Херта брзо се претвори во еден од најдобрите клубови, но уште не на теренот туку на Интернет. Херта е најјактивна од сите Бундеслигаши на Twitter, на Periscope, на Snapchat, на Facebook и на другите социјални мрежи. Летово берлинскиот клуб ги разбесне конзервативните навивачи со новиот слоган на анлгиски јазик: „We try. We fall. We win“. Во прв момент навивачите ги изнервирал странскиот јазик и тоа ги наведувал да мислат на американски или кинески пазар во клубот.

Навивачите на Херта важат за конзервативни и поради тоа им сметало тоа што клубот сака по секоја цена да се модернизира. Притоа конфликтот на релација управа-клуб се видел и после мечот Херта - Келн кога домашните навивачи извадија парола: “Die Wilde Horde 1996: Подобро една мајка, отколку двајца татковци“ (“WH 96: Lieber eine Mutter als zwei Väter”) упатена кон навивачите на Келн. Управата на Херта веднаш се дистанцираше од хомофобичната парола.

Михаел Прец и Паул Кеунер

Освен тоа, пред неколку години американска инвестицИСКА компанија KKR вложила во Херта 60 милиони евра, а по одлуката на Велика Британија да излезе од Еврозоната, неколку компании сакале да ги преместат канцелариите од Лондон во Берлин.

„Во Сицилиумската долина (Сан Франциско, Калифорнија таму се сместени најголемите светски технолошки компани) каде се создава нашата иднина, Берлин важи за еден од водечките светски градови. Традицијата секако дека е важна, но така ние нема да привлечеме ниту еден нов навивач, а нам ни се потребни навивачи. Херта во целата историја покажала дека е спремна на ризик и дека не се плаши од ништо.“, изјавил Паул Кеутер кој ја води бизнис-стратегијата на клубот.

„Во Берлин, како меѓународен деловен центар, употребата на англиски јазик не би требала да биде никаков проблем“, го надополнил генералниот директор на Херта, Михаел Прец.

По гледаност, Херта е шеста во Бундеслигата и тоа звучи многу добро, но во реалност управата не била задоволна затоа што стадионот кој прима 75.000 не може да се задоволи со 50.000 гледачи во просек.

По замисла на шефовите Херта би требало да биде и медиумска компанија која произведува тони различна содржина. „Сите канали на информирање треба да генерираат приходи. Втора важна цел ни е да ги намамиме луѓето кои работат во канцеларии и никогаш не биле на стадион, да почнат да доаѓаат.

Активните навивачи на Херта не се против овие цели, но го обвинуваат клубот дека станува хипстерски полигон за помодарство. На пример, на многу им сметала третата розева гарнитура на дресови и дречливо портокаловата опрема за тренинзи.