Фудбал ли е или трета светска војна?

Финалето меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт во Копа Либертадорес требаше да биде најголемата и најважата пресметка во нивното 127 годишно соочување, но наместо тоа се претвори во најголем срам, но и страв за сите кои беа дел од него.

Најголемото аргентинско дерби викендов требаше да го донесе името на новиот шампион на Јужна Америка, но мечот се одложи поради дивјачкиот однос на навивачите, особено на оние на Ривер кои не само што го каменуваа автобусот на Бока, туку и повредија тројца фудбалери.

Полицијата објави две видеа од моментот кога го придружуваат гостинскиот автобус до стадион, едно снимено од кола, другото од мотор. Кога гледате како тоа изгледа, мислите дека во Буенос Аирес се спрема војна.

Овде не само на играчите, туку и на полицајците им треба заштита, бидејќи си имаат работа со навивачи кои слободно може да го носат епитетот хулигани број 1 на планетава.

Моментот кога играчите пејат песни, а потоа забавата им ја растураат навивачите на Ривер кои ги гаѓаат со што стигаат и повредуваат тројца фудбалери на Бока.

Како изгледаше тоа од надвор

И повторно од внатре. Сол им го направиле автобусот.

Конечната одлука за тоа кога ќе се одигра одложеното реванш финале од Копа Либертадорес ќе биде донесена во вторник. Првиот меч заврши 2:2.

26 ноември 2018 - 13:58