Епа Берлускони ако си стои на зборот

На една свечена вечера на екипата на Монца, претседателот на овој клуб кој за првпат во својата сто и десет годишна историја влезе во Серија А, Силвио Берлускони ладно во говорот им рекол: „Ако победите некоја голема екипа како Јуве или Милан, ќе ви донесам автобус полн проститутки“.

Сега тифозите на Монца, откако тимот го совлада Јувентус и тоа на гости 0-2 среде Торино го потсетија некогашниот италијански премиер на ветувањето.

29 јануари 2023 - 20:46