Ечат македонски песни во Љубљана

Македонската фудбалска репрезентација има голема поддршка на вториот квалификациски меч на гости во Словенија. Меѓу македонските навивачи во Љубљана како засилување пристигнаа и околу 50 ептен расположени Македонци од Италија. 

Како што се наближуваше натпреварот, Македонците сè повеќе ја загреваа атмосферата. „Излези момче“, „Едно име имаме“, „Ја излези Ѓурго“ можеа да се слушнав во автобус, метро, по улици па се до стадионот Стожице во Љубљана.