Со Коби загинала и една од неговите ќерки

Во тешката хеликоптерска несреќа во која животот го загуби еден од најголемите спортисти на сите времиња, Коби Брајант, загинала и една од неговите четири ќерки, Џана. Светот се простува од Коби на социјалните мрежи.

Американските медиуми потсетуваат дека Коби Брајант, уште во играчката кариера, како и подоцна, речиси секојдневно летал со хеликпотер, со цел да ги избегне големите сообраќајни гужви во Лос Анџелес и неговата околина.

Пред Стејплс Центарот во Лос Анџелес се собираат голем број граѓани кои оддаваат почит на легендата на Лејкерс и на светската кошарка.

Порталот TMZ беше прв кој ја објави веста, а веднаш потоа и другите американски медиуми соопштија за хеликоптерската несреќа. Хеликоптерот летал од Округот Оринџ во Ел Монте. Се урнал 25 минути по полетувањето, а врската ја загубиле на висина од 500 метри

Во меѓувреме TMZ објави и дека во несреќата загинала и Џана Мариа-Оноре Брајант, 13-годишната ќерка на Коби.

Покрај неа тој ги имаше и ќерките Наталија Диаманте Брајант (17), Бјанка Бела Брајант (3) и Капри (7 месеци).

26 јануари 2020 - 21:56