Писател, бизнисмен, татко

Со што се занимаваше Брајант по крајот на легендарната кариера

Коби Брајант малку спиел, понекогаш само неколку часа во ноќта, што е малку за професионален спортист. Пред пар години еден новинар го прашал зошто не спие доволно, а Коби дал прост одговор: „Зошто имам многу работа“.

Блиските луѓе го опишуваат како човек кој знаел да покаже разни емоции со разни луѓе. Толку силни емоции што помислата дека сега веќе го нема, делува нереална.

Милиони луѓе ги оплакуваат Коби и Џана. Тоа е најлошото нешто што можело да му се случи на семејството: родителите, сопругата и трите ќерки остануваат без син, сопруг и татко. Останатите се тажни иако не го познавале лично.

Брајант правеше шоу, но не како другите. Неговата кариера беше голема не зошто беше само атрактивен, туку беше способен да ги покаже своите најголеми квалитети, тогаш кога беше крајно неопходно. Главно во животот му било победа по секоја цена.

Беше голем љубител на многу спортови вон кошарката, во прв ред фудбалот. Пример за Светското првенство 2018 година во Русија, тој станувал во 4:30 наутро за да ги следи натпреварите кои се играа во друга временска зона.

После непроспана ноќ знаел да излезе на паркет и лесно да уфрли 40 поени.

Сувите факти ни говорат дека светот изгуби 5-кратен НБА шампион, 2-кратен MVP на финалето на НБА, MVP на сезоната во НБА, 2-кратен Олимписки шампион, 18-кратен учесник на Ол-Стар и кошаркар кој уфрли 33.643 поени во кариерата.

Од детство му бил својствен мултикултурализмот - на 6 години се сели со родителите во Италија, во градот Риети каде татко му Џое игра професионално кошарка. Ден-денес Италијанци од тоа место се сеќаваат како Коби на секој тајм-аут на Риети дотрчувал до топката и ја тапкал на паркетот.

После две години во Риети, семејството се сели прво во Реџо Калабрија па потоа во Пистоја и Реџо Емилија. Благодарение на ова Коби одлично зборуваше италијански јазик. Посебно бил врзан со реонот Реџо Емилија која што ја сметал за место од каде носи најубави сеќавања од детството.

Кога ја заврши неверојатно богатата кариера на 13 април 2016 година, кога против Јута Џез уфрли 60 поени, тој веќе знаел со што ќе се занимава понатаму.

Бил спремен за патот на кој ги провери своите сили надвор од кошарката. Крајот на кариерата не значеше дека ќе стане стручен коментатор или ќе игра голф.

НАЈОМИЛЕНОТО ХОБИ ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ ПО КРАЈОТ НА КАРИЕРАТА

Буквално еден месец по својот последен меч, Коби се појави на јавна конференција во Лос Анџелес и раскажа за своето најомилено хоби - писателството.

Брајант имал свежи идеи за сценарија за идни документарни филмови. Уште вечерта пред својот финален меч во кариерата, идниот член на Куќата на славните дошол во својата канцеларија и редактирал некои статии.

БИЗНИСМЕН, ПРОДУЦЕНТ, АВТОР, ТРЕНЕР

За својата играчка кариера Коби заработил повеќе од 680 милиони долари. Од нив 323 милиони заработил од плати во Лејкерс, а повеќе од 357 милиони долари за учества во рекламни кампањи на најголемите меѓународни гиганти: од договор со Nike, до ексклузивни акции со Mercedes-Benz.

Во август 2016 година, заедно со бизнис-партнерот Џеф Стибел, Коби влегол во инвестиција од 100 милиони долари во авантуристичкиот фонд „Bryant Stibel“ кој влегол под закрила на главната компанија Kobe, inc основана во 2013.

Коби бил многу смел и храбар по повод влегувањето во нов бизнис:

„Не мислам на пропаст, навистина. Сведок сум на финансиските несреќи на други спортисти, обрнувам внимание на тоа и се трудам да учам на нивните грешки. Но не ми е многу важно што другите мислат за мојот бизнис. Фокусот треба да биде насочен на работа, на создавање, на секојдневен труд. Ние нема да ги гушиме луѓето дека нашата компанија им гарантира успех. Како професионален спортист научив колку е важно да се држиш настрана од нешто што не знаеш. Ако инвестирате во луѓе, како по правило, секогаш ќе ви се исплати“.

Меѓу првите бизниси на Коби бил оној во 2014-та, кога неговиот избор паднал на производство на спортски напитоци Body Armos во кој инвестирал 6 милиони долари. Во 2018 година The Coca Cola Company го откупила контролниот пакет акции во производството по што вредноста на акциите на Коби се проценува на околу 200 милиони долари.

Можно е тоа да е неговата најдобра инвестиција отсекогаш.

Самиот Брајант понекогаш раскажувал дека често барал телефонски броеви од познати бизнисмени со кои сакал да разговара и да учи од нив.

Милијардерот Крис Сака еднаш кажал дека Коби прости му поставувал еден куп прашања. Го интересирале идеи за решавање на бизнис случаи, а исто така и многу читал на тема бизнис. Се случувало и да напише прашање на Твитер во 3:00 часот после полноќ и да чека одговори.

ЈА ОСТВАРИ ЖЕЛБАТА ОД ДЕТСТВОТО ДА ДОБИЕ ОСКАР И ПИШУВАЛ КНИГИ ЗА ДЕЦА

Истовремено со крајот на кариерата во 2016-та, Коби работел на својот сон. Основал платформа по производство на мултумедијален контент Kobe Studios кој подоцна го преименувал во Granity Studios.

Коби планирал да го реализира својот грандиозен план. И веќе во 2018 година доживеа епски успех - неговата 5-минута мултипликациона работа „Dear Basketball“ доби Оскар во номинација за „Најдобар краткометражен анимационен филм“.

„Не мислев дека ова е можно. Како кошаркар бев должен да молчам и да тапкам со топката. Но среќен сум што направивме повеќе“, изјави победникот на Оскарите Коби.

Меѓу другите проекти му била и проекцијата на документарниот филм „Kobe Bryant’s Muse“ чие снимање почнало во 2015-та. Пред камерата тој раскажувал за главните етапи во кариерата на еден кошаркар, неговиот однос кон другите играчи, конфликти и секојдневен напорен труд.

Таму ја открил и историјата на неговото познато алтер-его Black Mamba:

„Просто сакав сè да одземам. Да го уништам секој кој се наоѓа на паркетот. Ми се собраа толку многу разочарувања и незадоволства што просто ми требаше излез. Тоа е како права лавина. Ништо не можеше да застане на мојот пат. И ништо не можеше да ме спречи“.

Во 2017-та Коби заедно со ESPN создал серија кратки аналитички видеа кои откриваат интересни аспекти од играта. Меѓу видеата „MuseСage Basketball Network“ и „Detail“ може да се најде расправа за необичната надареност на Јанис и за Кајри Ирвинг.

НЕГОВО ЛИЧНО СТУДИО

Granity Studios работеле со многу разни формати. Компанијата објавила неколку романи инспирирани од идеи кои му припаѓале на Коби. Тој на многу префинет начин се прешалтал од кошарката во книжевноста.

Заедно со Ени Метју напишале неколку романи за деца:

„The Wizenard Series: Season One“

Анотација:

На Реџи не му било судено да стане голем. Со денови и ноќи тој сонувал да научи да игра баскет на ниво на генијалните играчи, но суровата животна вистина лежи во фактот дека тој бил само резерва во Вест Ботом Беџерс - најслабиот тим во лигата. Дури ни новиот интересен тренер Ролаби Визенард не изгледал како човек кој може да ја прекине серијата порази.

Во надеж да стане подобар, Реџи продолжува да тренира без прекин. Но се чини дека спортската сала му се спротивставува. Пред да стане играч каков што отсекогаш сакал, тој ќе мора да помине необични искуства и тренинзи.

„Epoca the Tree of Ecrof“

Анотација:

Дејствието се случува во алтернативен класичен свет во кој владеат спортот и магичните сили. Во овој роман се зборува за две дечиња: сиромашниот Рови и принцезата Прити кои го откриваат и се борат против злото откривајќи ја својата внатрешна сила како авантура.

Приказната почнува во најелитната спортска академија каде најдобрите деца-атлети се учат на спортски навики. Кога Рови и Притија ќе се појават во академијата, секој од нив ќе чува своја тајна. Наскоро ќе почнат да сомневаат дека нешто злобно се населило во школото. Во првата година ќе учат како да ја користат својата дарба за да го спасат светот од темните сили.

„Legacy and the Queen“

Анотација:

Гејм. Сет. Магија

За Република Нова, тенисот значи буквално се. Сиромашната 12-годишна Легаси не може да си дозволи добри тренинзи, па тренира така што го удира топчето во ѕидот од бедното сиропиталиште. Но наскоро се ќе се смени.

Кралската Сила објавува за почетокот на нејзиниот годишен турнир каде граѓаните ќе се натпреваруваат за кралската благонаклоност и дарови кои ќе бидат доволни за да се спаси сиропиталиштето.

 

****

Како што може да се види, повеќето романи на Коби и авторката Ени Метју се на научно-фантастична тематика и се напишани за детската публика. Токму во децата Коби наоѓал инспирација во последните години. Тој зад себе остави четири ќерки од кои најмалата има само 7 месеци.

Брајант планирал и понатаму да објавува нови сезони на подкаст и книги за деца. Освен тоа, приказната за девојчето-тенисерка планирале да ја екранизираат. Сега е нејасно како ќе се одвиваат овие проекти по трагичната смрт на Коби.

27 јануари 2020 - 13:05