Рик Бери - шампионот со најсмешни и најпрецизни слободни фрлања во НБА

Во 1975-та ги води Вориорс до прва историска титула во НБА и го бираат за МВП на финалната серија. Се памети по уникатниот стил на изведување слободни фрлања.

Во некогашната сала на Вориорс, „Бај Арена“ во 1975-та во финалето против Вашингтон игра клучна улога - Рик Бери, со 24-ка на дресот, број повлечен од франшизата која до скоро играше во Голден Стејт и освои неколку последователни титули.

Неговото име се памети по смешниот начин на слободни фрлања но прецизен, затоа што тој стана четврт најуспешен изведувач на слободни:

„Така шутираа пред 40 години“, вели легендарниот Ред Аербах, тренер на славните Бостон Селтикс од 1950-та до 1966 и 9-кратен шампион и 11 пати Ол-Стар тренер.

Педантните НБА статистичари пресметале дека Рик Бери извел 4.243 слободни и прецизно реализирал 3.818 со 90% прецизност. За неговиот стил на фрлање на топката од долу буквално под нозете па нагоре, Бери раскажува:

„Како прво, барав комотна позиција: нозете добро раширени, што порелаксиран, зошто најважно во изведувањето слободни е да си опуштен, три пати ја тапкав топката. Немаше никакво суеверие во тоа“, вели Рик.

Така подоцна „под рака“ шутираа уште неколку кошаркари меѓу кои и Кинану Онуако од Хјустон Рокетс но и син му на Бери, Кенјон Бери:

Според него најважно е сите движења да бидат исти зошто механизмите остануваат „запаметени“ механички во главата („Меморија на мускулите“, еднаш за ова рече Реј Ален).

Рик Бери подоцна стана и тренер за слободни фрлања, најмногу водеше сметка за Шекил Онил кој имаше голема мака со слободните (52,7% од слободни во кариерата). Шек никогаш не се нафатил вака да изведува:

26 мај 2020 - 15:53