Последни натпревари на Голден Стејт во Окленд, клубот си оди од градот

Следните два, можеби три меча на Голден Стејт, за жал на навивачите на Вориорси, ќе бидат последни во Окленд. И не само најдобриот НБА состав, туку уште еден популарен клуб од Окленд ќе си ги пакува куферите и ќе се сели.

Франшизата која што во последните пет години им донесе многу радост на жителите во градот кој во живо ја следеа најдобрата екипа на светот во современата епоха, ги брои деновите во „Оракл Арена“ која што ќе ја напушти после неколку децении.

Почнувајќи од следната година, Голден Стејт Вориорс ќе прејде во својата нова ултра модерна арена „Чејс Центар“ во Сан Франциско.

Изградбата на оваа чудесна сала го чинела клубот и другите инволвирани страни околу 1,5 милијарди долари.

Од навивачите на Голден Стејт може да слушнете различни мислења. Некои велат дека 10.000 километри, 20.000 километри нема да им прават разлика за да го бодрат тимот. Но свесни се дека тоа не е изводливо. Иако приврзаниците на Вориорс важат за едни од најверните во САД. Тие никогаш не го оставија клубот ниту во периодот од 1975 со 2015 година, временски период меѓу титулите.

****

Некогашниот главен штаб на партијата „Црни пантери“ во Окленд

Овој изоден пат кон освоените титули не бил нималку лесен за Окленд којшто доживеал културолошка преобразба и нова креативна енергија. Во споредба со Сан Франциско, Окленд, велат Американците е како да ги споредуваш Бруклин со Менхетн.

Окленд брзо станал престолнина на работничката класа од западниот брег.

Но не било така секогаш. Окленд преживеал епидемија на крек и кокаин, нереди, системски расизам, хаос. Иако делува неверојатно, но познатата партија „Црни пантери“ се родила токму во Окленд.

Дури и пред неколку години кога имаше нереди и протести против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, се почнало од Окленд.

Самиот НБА клуб Голден Стејт Вориорс е неизбежен дел од исцелителниот процес во Окленд, стана симбол кој ги обедини сите раси и ги надмина политичките и социјални разлики.

Но дури и прогресот кој Окленд го достигна, не можеше да и се спротивстави на комерцијализацијата на спортот. Управата на клубот тврдеше дека ова селење нема да го измени составот и дека 70% од сопствениците на сезонски влезници ги продолжиле картите и на следната сезона. Но не е се така.

Преминот во Арена која чини 1,5 милијарди долари сам по себе носи раст на цените за 50 до 75 проценти. Пат во Сан Франциско и назад за многумина ќе биде многу тешко, особено во работна недела. Без разлика што навивачите купувале сезонски и во најтешките времиња по клубот.

Загубата на Голден Стејт нема да биде единствена за градот Окленд. Таму има уште една „сол на рана“ откако Окленд Рајдерс, вториот најзначаен клуб во градот исто така ќе се сели на нов стадион, 1.000 километри подалеку, во Лас Вегас.

Но Рајдерси, за разлика од Голден Стејт не ја криеле желбата да го напуштат Окленд, пред се затоа што еднаш веќе беа далеку од градот, поточно во 12-годишниот период меѓу 1982 и 1994 година.

Ова значи дека Вориорси ќе направат сè што можат за да го израдуваат градот со уште една титула во НБА.