Победникот на Ол-Стар забивањето „куцаше“ преку Шекил

Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Хамиду Диало е победник во натпреварувањето во забивање на Ол-Стар викендот. Прво заби преку соиграчот Расел Вестбрук, а потоа скокна преку Шекил и ја крена салата на нозе.

Вториот ден од Ол-Стар програмата беше посветен на брзо шутирање тројки, атрактивни забивања и демонстрација на вештини.  Во најатрактивниот турнир, оној во забивање заслужено победи Хамиду Диало кој со Денис Смит од Њујорк Никс влезе во финале.

Диало се појави во дрес на Супермен, го намести Шекил О’Нил и го прескокнуваше на начин лактот да му остане во обрачот. Во финалето Смит се изнамачи да закуца како треба.

Во натпреварот во брзо шутирање тројки во финалето влегоа неверојатните тројкаши Џо Херис, Стеф Кари и Бади Хилд. Во првата фаза од овој турнир пред финалето испаднаа Дирк Новицки и бранителот на титулата во шутирање тројки Девин Букер.

Во финалето фаворитот Хилд потфрли, а Херис (27) уфрли 26 поени. Стеф Кари шутираше последен и не успеа да го надмине шутерот на Бруклин Нетс.

17 февруари 2019 - 09:53