Неколку факти за хеликоптерот во кој загинаа Коби и неговата ќерка Џана

Овој модел го користат и членови на британското кралско семејство, како и спасувачки служби во многу држави. Во аеронаутиката важи за мошне безбеден хеликоптер.

„Сикорски S-76“ е пуштен во сериско производство во 1977-ма година. Се произвеле повеќе од 1.000 такви хеликоптери. На сајтот Aviation Safety низ годините се регистрирани 112 инциденти со овој модел.

Но тоа не ѝ противречи на тезата за сигурноста, затоа што не сите случаи биле фатални, а последната катастрофа со овој хеликоптер се случила во 2017-та во Турција.

„Овој хеликоптер е просто како лимузина. Има фантастична статистика на безопасност. Веројатноста да откажат и двата мотори е минимална“, рекол за LA Times поранешниот пилот на Коби, Курт Дитц (работел со славниот кошаркар од 2014 до 2016).

Има неколку разни варијации на S-76, меѓу нив и воени модели. Вакви хеликоптери користи BBC за своите потреби во Австралија, Аргентина, Шпанија и други земји, го користат спасувачки служби, полиција, а со овие хеликоптери летаат и членови на британското кралско семејство.

Посебноста на овој хеликоптер е што дозволува развивање брзина поголема од 280 км/час. Коби се возел во моделот S-76B. Бил опремен со две гасни турбини произведени во Канада.

(хеликоптерот на Коби кој на некои слики е црн, но бројот на моделот е ист, така што најверојатно е префарбан)

Конкретно хеликоптерот на Коби бил со сериски број N72EX, произведен во 1991 година. Но тоа не треба да прави забуна, затоа што американските власти прават екстремна контрола на техничката состојба и леталото мора да помина низ сите процедури за да добие дозвола за лет. Потенцијално опасни хеликоптери не можат да се најдат во воздух, особено не над големите градови каков што е Лос Анџелес.

Хеликоптерот на Брајант (тој го изнајмувал), полетал во 9:06 изутрина од аеродром по име „Џон Вејн“ и се упатил кон северо-запад кон Таузенд-Окс каде се наоѓа кошаркарската академија на Коби во која тренирала неговата ќерка.

Во тоа време над Лос Анџелес се спуштила густа магла па на аеродромите биле задржани неколку летови. Според пишувањата на NY Post и TMZ, во вакви временски услови не летале ниту полициски хеликоптери. Тие имаат правило да не полетуваат доколку најниската граница на облачност е помала од 240 метри а видливоста помала од три километри. Но постојат исклучоци за патролните полетувања, како на пример оној спасувачки хеликоптер кој полетал кон местото на катастрофата на S-76B.

Според Flight Radar, катастрофата се случила 25 минути по полетувањето. Првиот сигнал во 911 стигнал во 9:47. Се претпоставува дека хеликоптерот удрил во некој рид. Според ESPN, ударот се случил за време на едно вртење на лево и обид да се добие на висина.

27 јануари 2020 - 14:10