Најлегендарното видео парче за македонската кошарка

На 6 ноември 1996-та 8-кратниот Европски првак Реал Мадрид му гостуваше на МЗТ Скопје во рамките на Евро Купот. Тој што беше присутен во салата Јане Сандански и по 20 години ја раскажува лудницата која ја доживеал од тој меч кој ќе остане во аналите на македонскиот спорт.

Кралскиот клуб го водеше големиот стратег Жељко Обрадовиќ кој го имаше во тим тогаш 23 годишниот Дејан Бодирога.

Од спротивниот табор Александар Књазев располагаше со Врбица Стефанов, Мирза Куртовиќ, Тони Симиќ, Слободан Петровски, Игор Михајловски, Дејан Димов, Марк Дин, Антони Милевски, Перо Блажевски и Ѓорги Књазев.

Само тој што нема појма од кошарка или тогаш не бил роден, може да не ги памети овие јунаци кои го урнаа славниот Реал Мадрид. Видеово е за уживање и не може да ви биде досадно па макар сте го гледале 100 пати. 

На тацна последните 73 секунди од мечот кои ги коментира легендарниот Љубомир Николовски со кој НБА лигата во тоа време беше дупло поинтересна за гледање.

Па уште и цел меч го има

6 ноември 2016 - 21:34