Најјакиот меч во кариерата Џордан го одиграл на тренинг, пет на пет со Дрим тимот

Пред дваесет и седум години, на 22 јули 1992 година, како загревање за Олимписките игри во Барселона, најјакиот дрим-тим на сите времиња решава да одигра средба пет на пет.

Мајкл Џордан изјави дека тоа е најјакиот меч кој некогаш го играл.

Кошаркарите на САД за Олимписките Игри се подготвувале во Монако. За време на тренинг кампот, Меџик Џонсон и Џордан решаваат да се поделат по пет и да одиграат еден натпревар.

Кога новинарот на ESPN, Мајкл Вилбон после неколку години го прашал Џордан за тој дуел, „Ем-џеј“ рекол:

„Најголем меч кој некогаш сум го играл. Сите убави работи од кошарката беа илустрирани во тој еден натпревар. Ако само го замислите секој од нив кој е член на Куќата на славните и секој натпревар што го одиграл, тогаш ќе сфатиш каков меч се играше.“

Празна сала, без гледачи, без новинари, без телевизски камери и екипи. Легендарната снимка е благодарение на тренерот Чак Дели. Џон Стоктон и Клајд Дрекслер се опоравале од повреди, па во ситуација кога имал 10 кошаркари на располагање, селекторот Дели решил да одиграат пет на пет.

Тимовите се поделиле во бели и сини, едните предводени од Џордан, другите од Баркли. Мајкл бил во екипа со Скоти Пипен, Лери Брд, Карл Мелоун и Патрик Јуинг. Од другата страна, Меџик играл со Чарлс Баркли, Крис Мулин, Дејвид Робинсон и Кристијан Лејтнер.

По неверојатни акции, на крајот мечот завршил 40-36 за тимот на Џордан. А она што следуваше на Олимпијадата беше сосема нормално - САД ги мелеше противниците со над 30 коша разлика и се прошета до златото.