Лука имаш ли ти граници? На 20 години стигна до трипл-дабл број 14 во НБА

Ако на 20 години е способен ова да го прави, што ли ќе биде со него на 30? Сезонава трае месец дена, а тој веќе има 7 трипл дабл учиноци. Зборуваме за дете кое не било родено кога го гледавме великанот Мајкл Џордан, а веќе почна да му стига некои рекорди и негови и на Леброн.

Тешко е да се пофати периодов што сè прави словенечкото чудо од дете во НБА, па ајде вака.

На 18 ноември против Спарси стана вториот најмлад играч во историјата на НБА со трипл-дабл учинок со најмалку 40 поени, после Леброн Џејмс. И додека уште не одморил и не се стивнати реакциите за тој подвиг, два подоцна го имаш ова:

Далас го декласираше Голден Стејт со 142:94, а Лука Дончиќ постигна 35 поени, 11 асистенции и 10 скока. Тоа е нов НБА рекорд на најбрз остварен трипл-дабл за само 26 минути.

Ова што го прави тој на само 20 години е импресивно и воодушевувачки. Зборуваме за убиец со топката и единствен во лигата оваа сезона кој веќе има 7 трипл-дабл учиноци по само 14 одиграни средби. До толку игра како мрднат, што американски коментатор во сред пренос кажа дека треба да го вратат назад.

Кој знае што ли ќе сруши во следниве години и колку ќе ја наполни статистиката од која сигурно ќе излезат еден куп рекорди, па затоа додека е изводливо да се направи куса верзија, одиме со досега оствареното почнувајќи од дебито лани во октомври.

- 20 октомври 2018: На вториот меч во НБА постигна 26 поени и 6 скока на победата против Минесота и со 19 години стана најмладиот стрелец во историјата на клубот со 20 поени.

- 28 декември 2018: Постигна 34 поени и стана најмлад НБА играч со 7 тројки.

- 21 јануари 2019: Оствари учинок од 18 поени, 11 скока и 10 асистенции и стана втор најмлад играч во НБА со трипл-дабл, после Маркел Фулц.

- 27 јануари 2019: Постигна 35 поени и стигна до втор трипл дабл со 12 скока и 10 асистенции. Со тоа стана прв тинејџер во историјата на НБА со 30 поени во трипл-дабл и со два трипл-дабл учиноци.

- 6 февруари 2019: Против Шарлот оствари учинок од 19 поени, 10 скока и 11 асистенции и со тоа стана најмлад играч во историјата на НБА со рекордни три трипл-дабл учиноци.

- 25 февруари 2019: Трипл-дабл и против Лос Анџелес Клиперс со 28 поени, 10 скока и 10 асистенции со што стигна до четири трипл дабл-учиноци, а рекордот во НБА на тинејџери е пет.

- Дончиќ стана петтиот играч во историјата на НБА со најмалку 20 поени, 5 скока и 5 асистенции во двојата деби сезона и со тоа им се придружи на Оскар Робертсон, Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Тајрек Еванс.

- Мај 2019: Беше избран во Руки тимот

- Јуни 2019: Беше прогласен за НБА Руки на годината.

- Дончиќ стана втор играч од Европа, после Пол Гасол кој ја освоил таа награда и вкупно шести кој не е од САД.

- 25 октомври 2019: Прв трипл дабл во новата сезона со 25 поени, 10 скока и 10 асистенции против Њу Орлеанс.

- 1-3 ноември 2019: На два меча по ред оствари два пати трипл-дабл со по 15 асистенции.

- 8 ноември 2019: Нов трипл-дабл учинок против Њујорк Никс од 38 поени, 14 скока и 10 асистенции.

- 18 ноември 2019: И пак трипл-дабл учинок со рекордни 42 поени, потоа 11 скока и 12 поени против Сан Антонио Спарс.

- 20 ноември 2019: Најбрз трипл-дабл учинок за само 25 минути против Голден Стејт со скор од 35 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Коментаторот на старт на видеото вели вака: Што ли ќе направи вечерва?

21 ноември 2019 - 12:17