Леброн Џејмс не е од оваа планета

Просто не е реално колку стварно игра сам. Соиграчите му се толку некадарни што „Кралот“ мораше сам да ги добие Селтикс среде Бостон пред преполна сала и да влезе во своето ОСМО финале по ред во кариерата (има девет вкупно во 15 сезони во НБА). Синоќа имаше учинок 35 поени, 15 скока и 9 асистенции! Монструозно.