Кога Дражен Далипагиќ го победил Џордан

Малку е познат натпреварот меѓу најдобрите колеџ кошаркари од САД против најдоврите играчи од Европа, дуел на кој Далипагиќ го издоминирал младиот Мајкл.

Во склоп на турнејата ширум Европа, американските колеџ кошаркари, во Женева во 1982-та година се пробуваат против најдоброто што Европа го има во тој момент.

Американците предводени од неколку ултра добри таленти меѓу кои е и човекот кој стана најголем на сите времиња, тука бил и Џон Паксон (дел од генерацијата на Булс која со Џордан освојуваше титули), како и Џеф Тарнер.

Од друга страна европските докажани ѕвезди, Дражен Далипагиќ, Ткаченко од СССР, Израелецот Мики Беркович, Жељко Јерков и други.

На тој 18. јуни 1982-ра Европа ја победува Америка со 111-92. Далипагиќ бил најефикасен со 24 поени а Џордан уфрлил 20.

После два дена истите состави се сретнале и во Будимпешта каде Европа победила 103-88. Неколку дена подоцна САД играле против Југославија во Загреб па во Задар.

27 мај 2020 - 11:54