Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Едно од најголемите кошаркарски имиња на сите времиња се урнал со својот приватен хеликоптер во кој загинале уште четири луѓе кои биле со него.

Смртта на кошаркарската легенда ја потврди TMZ, а ја пренесоа и New York Post, Business Insider, Dailymail...

Трагедијата се случила во местото Las Virgenes Rd and Willow Glen St во близина на Лос Анџелес во 10 часот утринава.

Причината за несреќата е под истрага и за сега нема информации од каде тргнал и каде требал да слета хеликоптерот во кој нема преживеани.

Коби Брајант ја помина цела 20 годишна кариера во Лос Анџелес Лејкерс, освои 5 шампионски прстени и се повлече во 2016-та година.

Тој е единствениот кошаркар во историјата на кој му повлекле два дреса, а тоа се броевите 8 и 24. Познато е дека користел хелокоптер Сикорски С-76 и често патувал до Стејпл центар со него.

41 годишниот Коби беше татко на четири деца.

26 јануари 2020 - 20:54