Кавај Ленард како современ Џордан - победа во плејоф со звук на сирена

Кошаркарите на Торонто ќе играат во финалето на Истокот од НБА, откако синоќа ја совладаа Филаделфија ’76 со кош на Кавај Ленард во последната секунда со звук на сирената - потег каков што немало во историјата на Game7 од плејофот.

Во финалето на Истокот, Торонто ќе игра против Милвоки Бакс и неверојатниот Јанис Адетокумбо кои го збришаа Бостон во полуфинале 4-1.

13 мај 2019 - 09:51