Гордон ја заби преку највисокиот играч во НБА и пак не му дадоа трофеј

Најатрактивната вечер на Ол стар викендот е секогаш втората во која натпреварот во забивање се гледа без трепкање. Победник е Дерик Џоунс Џуниор од Мајами, а најразочаран е Арон Гордон од Орландо. И со право.

Гордон ноќеска беше фасцинантен со епски потег за кој долго ќе се раскажува. Ја заби преку 24 годишниот сенегалец од Бостон, Тако Фол кој е висок 226 см, но и тоа не беше доволно да биде прогласен за победник во натпреварот во забивање.

Претходно имаше и извонредно „360“ забивање со една рака, но и покрај тоа наградата отиде во рацете на Дерик Џоунс Џуниор.

Овие двајца кошаркари во финалната рунда добија по максимални 50 поени, односно по 5 десетки, но во втората рунда Џоунс доби 48, а Гордон 47.

Ако се прашува Леброн, две награди требало да има и за двајцата.

Кошаркарот на Орландо до толку се разочара што изјави дека се отажува од овие натпревари поради тоа што втор пат во кариерата не успева да победи.

16 февруари 2020 - 10:37