Дуда ја собра златната генерација на Југославија

По вчерашната комеморација во Белград, семејството, пријателите и еден куп луѓе од кошаркарскиот свет се простија од легендарниот Душан Ивковиќ. На погребот беше и Перо Антиќ.

На збогувањето со популарниот Дуда можат да се забележат многу славни кошаркарски имиња, а меѓу нив и славните Дивац, Раѓа, Паспал, Обрадовиќ, Даниловиќ, Кичановиќ и Здовц кои го носеа ковчегот.

Меѓу присутните е првиот човек на КФМ, Перо Антиќ кој под водството на Ивковиќ ја освои Евролигата со Олимпијакос, а меѓу познатите кошаркари се и Василис Спанулис и Дејан Бодирога.

Потоа се разбира и Жељко Обрадовиќ кој со говор се опростил од својот учител и кум.

Големиот Душан Ивковиќ кој скоро 50 години држеше лекции по кошарка, почина во четвртокот на 77 години откако имал проблем со вода во белите дробови.

21 септември 2021 - 15:12