Дуда Ивковиќ само една работа сакал повеќе од кошарката

Архитектот на кошарката кој освои еден куп медали каде и да предаваше, беше страстен љубител на гулаби. Гулабарството му беше најголемо хоби а оние кои го познавале од близу тврдеа дека повеќе го сакал овој вид занимација од кошарката.

Дуда, роден и растен во белградската населба Црвен Крст каде другарувал со школскиот другар од иста клупа Драган Гаги Николиќ. Од детство до последните денови од животот, најмногу сакал да одгледува гулаби. Гулабарството му било хоби број еден. 

„Татко ми секогаш ми викаше дека оние кои гледаат во гулабите секогаш се во облаците. Дека поради тоа следат проблеми со школо и такви ствари. И затоа беше против. И јас бев против тоа моите синови да посветат толку внимание на гулабите, но во детството поинако размислував.

Гулабите се со мене цел живот, одгледувам српски високолетачи, во секој договор кој го потпишував во кариерата имаше клаузула во куќата да ми се направи место за гулаби. За жал само во Москва не беше можно, преладно е таму“, раскажал еднаш големиот Дуда Ивковиќ.

Според овој доктор на кошарката, односот тренер-играч е многу случен на односот човек-гулаб.

„Прво гулабарството е спорт. Имаме натпреварувања на ниво на клубови, градови, држави. Постојат правила и луѓе кои ги проценуваат. Второ, гулабиците се симбол на мир и пријателство, симбол на љубов. И тоа е многу, многу точно. Понатаму, да би се осетил близок со гулабите мораш да се концентрираш и да почнеш да размислуваш како гулаб. Неопходно е ако сакаш да разбереш што сакаат.

Исто е и со играчите. Односите меѓу тренер и играч не постојат ако нема психолошка врска. Тоа е многу важно. Секако не можеш да споредиш играчи и гулаби ама јас во кариерата никогаш сум немал психолог во тимот. Тие психо-терапевтски односи сам ги создавав. И на крајот тоа е убавина.

Кога гулаб расте, на вратот му се појавува виолетово, зелено и сиво перје. Кога сонцето сјае и зраците му паѓаат по вратот, во таа рефлексија ги гледаш најубавите бои на светот“, велел Душан Дуда Ивковиќ.