Дерик Роуз е жив - постигна рекордни 50 поени и се расплака

Еден од најталентираните кошаркари во современата историја на НБА, Дерик Роуз, кој беше МВП во 2011-та, после години и години тешки повреди, синоќа ја одигра партијата на кариерата и доби честитки од соиграчите и ривалите.

Ди Роуз постигна 50 поени, негов личен рекорд во кариерата (34 поени даде во вториот дел) и беше најзаслужен за триумфот на Минесота Тимбервулвс над Јута Џез (клубот кој го избрка после 2 дена проба во февруари годинава) 128-125.

За 41 минута на паркетот, Роуз шутираше 19/31 од игра и направи „кватртрипл“ (4/7 за три поени, 8/11 од слободни фрлања), 6 асистенции, 4 скока, 2 украдени топки и една блокада.

„Многу ми значи ова. Правев надчовечки напори да се спремам, не можам да опишам со зборови како се чуствувам“,  Дерик Роуз даваше изјава во солзи додека публиката скандираше „Мвп, Мвп!“.

Со тројката од агол со која го израмни резултатот на 119-119, Роуз го надмина својот личен рекорд во регуларниот дел од сезоната (даде 44 во тој момент, а претходниот рекорд му беше 42). Од 2012 до синоќа не постигнал повеќе од 35 поени.

Соиграчите на крајот од мечот беа воодушевени и го гушнаа за да споделат радост:

„Ова е прва во последните пет години во која тој не одеше на рехабилитација летото. Знам каква личност е, знам каков карактер има. Никогаш не сум работел со ваков кошаркар“, изјави тренерот на Минесота Том Тибодо.

Ова е трет пат во кариерата Роуз да оди над 40 поени. Тој сега е „највозрасниот“ МВП кој дал 50 поени долго време по неговиот деби натпревар (има 30 години и 27 денови). Парадокс за најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој станал МВП.

Славјето за партијата на кариерата на Ди Роуз продолжила и во соблекувалната каде соиграчите славеле со него како да освоиле титула:

Реакции на вонвременската партија на Ди Роуз имаа и многу големи ѕвезди: