Господин Светислав Кари Пешиќ за салата на Работнички Скопје

ФИБА направи тотален хаос со календарите кои се поклопуваат со Евролига и НБА, па репрезентациите играат квалификации за Светско во крпени состави. Србија едвај ја победи Латвија 101-100 а после мечот селекторот на Србите, големиот Кари Пешиќ имаше преубава прес-конференција.

Прво бараше поудобно столче: „Кога треба фотеља за оние функционерите одма им наоѓате“.

Плус: Србија во недела игра против Белгија во мала сала со капацитет од 3.000 гледачи. Кари вика намерно ја одбрале таа сала за пожестока атмосфера во мал простор. „Како на Работнички Скопје салата, па кога ќе дојдевме таму (како селектор на Германија), не знаеш кај ти е дупето кај ти е главата.“

По изгледаното прво видео, скролнете на десно за второто:

Српскиот тренер е роден во Пирот. Има 72 години. Во својата неверојатно богата кариера освои Светско првенство, Европско првенство, шпанска лига шампионски 2 титули, германска лига 5 шампионски титули, југословенска лига, шпански Куп на Кралот 3 пати, Германски Куп 2 пати, Корач Куп.

26 ноември 2021 - 11:11