Ајзеа Томас даде 53 поени и победата ја посвети на сестра му

На денот кога неговата загината сестра Кина требаше да наполни 23 години, Ајзеа Томас го зема баскетот и сам го победи Вашингтон откако реализираше 53 поени за 2:0 во плејофот.

Чудесен. Нема друг збор да се опише Ајзеа Томас, малиот-голем плејмејкер на Бостон Селтикс кој стана идол на сите вљубеници во НБА.

По најтешкиот период во животот откако ја загуби родената сестра која загина во сообраќајна несреќа пред две недели, бројот 4 на Бостон изјави дека сака да ја доигра сезоната затоа што Кина никогаш не би побарала тој да прекине. Освен што самиот ги донесе „Детелините“ во плејофот, Ајзеа Томас таму игра неверојатно мотивирано. На денот кога неговата сестра требаше да наполни 23 години, Томас ја одигра можеби најдобраста партија во кариерата.

Постигна 53 коша во успешниот пресврт на Бостон против Вашингтон во полуфиналето на Источната конференција. Мечот е решен после дополнителни 5 минути во продолженијата каде токму Ајзеа го однесе Бостон со прецизни слободни фрлања.

Томас блесна и во продолженијата кога нанижа девет поени за победа на Селтикс 129:119 и 2-0 во серијата која сега се сели во главниот град на САД.

Плејот на Бостон роден во Такома постигна 29 поени во четвртата четвртина и продолженијата (цел тим на Вашингтон даде 30 вкупно во истиот период). Томас шутираше 18/33 од поле и 5/12 за три поени. Промаши само едно од 13 слободни фрлања а имаше и по 4 скока и асистенции.

На тој начин Томас постави свој личен рекорд во кариерата и стана втор кошаркар на Бостон со најмногу постигнати поени на еден плејоф меч (прв е Џон Хавичек со 54 поени во полуфиналето против Аталанта во 1973. година).

„Сестра ми... Денес ѝ е роденден. Ќе полнеше 23. Сè што направив беше за неа и сигурен сум дека од горе ме гледа, ова е за неа“, изјави со солзи во очите после мечот Ајзеа Томас, новиот идол во НБА.

3 мај 2017 - 10:20