30 години од формирањето на Дрим Тимот - екипата која без ниеден тајм-аут освои злато

Кон крајот на ’80-те години бистрите умови Бора Станковиќ (претседател на ФИБА) и Дејвид Штерн (легендарен комесар на НБА) размислувале како да организираат влез на професионални кошаркари во меѓународните натпреварувања како Олимписки Игри.

Ова најмногу во прилог им одело на САД кои конечно ќе можел да смета на НБА суперѕвездите на Олимписки Игри.

На 7 април 1989-та ФИБА (Светската кошаркарска федерација)  со 56 гласа за и 13 против (парадоксално Америка гласала против, а Грција била неутрална) изгласала да се отстрани зборот „аматери“ и од тој момент дала зелено светло професионални кошаркари да можат да играат на Олимписки Игри.

На 21 септември 1991 година беше објавен списокот на најдобрите американски кошаркари кои во летото следната 1992-ра блеснаа на Олимписките Игри во Барселона. Таа екипа ден-денес важи за најсилна во историјата на колективниот спорт. Никогаш немало појака.

Американската кошарка објави список од 10 кошаркари: Чарлс Баркли, Лери Бирд, Патрик Јуинг, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Карл Мелоун, Крис Малин, Скоти Пипен, Дејвид Робинсон и Џон Стоктон. На овој првичен список на селекторот Џак Дејли кој беше тренер на Детроиот Пистонс кои ги направи шампиони во 1989 и 1990, беа придодадени уште и Клајд Дрекслер и колеџ кошаркарот Кристијан Лејтнер кој беше единствен без настап во професионалната кошарка а во борба за место во репрезентацијата го победи Шекил О’Нил.

Одиме со ред:

Селектор - Чак Дејли, Њу Џерси Нетс

На крајот на месец мај 1991 Чак Дејли стана нов тренер на Нетс (во тимот тогаш го имаа Дражен Петровиќ, Кени Андерсон и Дерик Колман). Претходно Дејли дури 9 сезони седеше на клупата на Детроит Пистонс и беше творец на Bad Boys - лудата банда која тепаше се пред себе и освои две шампионски титули. Тој е автос на Jordan Rules, неформалните сугестии како на сила да се спречи Џордан да игра своја игра.

Со овие две титули во НБА во 1989 и 1990 Чак Дејли заслужи да биде избран за селектор на најсилната селекција на сите времиња.

Покрај него во стручниот штаб беа уште и Лени Вилкенс од Кливленд Кавалирс како и Пи-Џеј Карлесимо (Сетон Хал) и Мајк Кжижевски (Универзитет Дјук).

Кристијан Лејтнер, Универзитет Дјук (број 4)

На списокот репрезентативци на САД се најде и еден кошаркар од Универзитетот Дјук и тој беше единствен играч надвор од НБА лигата на списокот за Олимписки Игри во Шпанија. Единствен играч од NCAA.

Лејтнер до последен момент се борел со центарот на Луизијана Стејт Универзитетот Шекил О’Нил кој на 24 јуни истата таа 1991 беше избран за апсолутен пик број 1 на НБА драфтот. Лејтнер беше трет пик но доби карта за ОИ во Барселона после сјајните партии за „сините ѓаволи“ од Дјук Универзитетот. Освои шампионска титула во колеџ баскетот и го избраа за MOP (Most Outstanding Player) во 1991-ва. Во 1992 пак ја освои шампионската титула во NCAA и спремен отиде во НБА каде го избра Минесота Тимбервулвс.

Дејвид Робинсон, Сан Антонио Спарс (#5)

Адмиралот беше избран за апсолутен прв пик на НБА Драфтот 1997, но неговата служба во Американската Морнарица му го одложи настапот во НБА за две години подоцна, од сезоната 1989/1990. И покрај тоа што покасно тргна во НБА, го избраа за Руки на годината 1990, а во 1991 беше најдобар скокач во НБА и избран во составот на годината. Во 1992 е најдобар блокер и избран во тимот на сезоната како најдобар одбранбен играч во НБА.

Патрик Јуинг, Њујорк Никс (#6)

Уште еден прв пик на драфтот, од 1985-та (откако стана шампион во НЦАА со Џорџтаун во 1984-та) и уште еден Руки на годината (во 1986-та кога првпат се појави на Ол-Стар натпреварот). Во 1990-та центарот на Њујорк Никс беше избран и во најдобрата петорка на сезоната во НБА.

Лери Бирд, Бостон Селтикс (#7)

Во летото 1992 Larry The Legend го трчаше последниот круг од својата блескава кариера и по 13 одиграни сезони во НБА, сите во дресот на саканиот Бостон Селтикс. Освои три титули во најдобрата лига на светот, два пати го бираа за МВП на финалните дуели и три пати стана МВП на регуларниот дел од сезоната. Во 1980-та го добил признанието Руки на годината, 12 пати играше на Ол-Стар и 9 пати е избран во најдобрата петорка на НБА.

По забавната авантура во Барселона, во август 1992 се повлече од баскетот и стави крај на играчката кариера.

Скоти Пипен, Чикаго Булс (#8)

Скоти во Барселона дојде славен речиси како Мајкл Џордан, со две титули од НБА во џебот. Освои шампионски прстен во 1992 и во претходната 1991 со Чикаго Булс. Од 1992-ра па во следните осум години беше биран во најдобрата дефанзивна петорка во лигата. Два пати се појави на Ол-Стар мечот (1990, 1992).

Мајкл Џордан, Чикаго Булс (#9)

Како и Пипен, така и најголемиот на сите времиња во Барселона дојде по back-to-back титулите со Булс, но бројот 23 на Чикаго пред Олимписките Игри по трет пат ја освои наградата МВП на регуларниот дел од сезоната и шеста круна за најдобар стрелец во НБА.

Во таа 1992-та по петти пат по ред го избраа во најдобриот тим на сезоната (во 1988 го избраа за најдобар одбранбен играч во НБА а во 1985-та за Руки на годината). Во Барселона дојде со две освоени шампионски титули од шест (четири беа после ЛОИ 1992).

Клајд Дрекслер, Портланд Трејл Блејзерс (#10)

Уште под импресии од штотуку завршеното финале изгубено од Булси на Џордан во 1992, Клајд Дрекслер во тоа време важеше за кошаркарски најблискиот играч до “Летечкиот Мајкл“.

За првпат во кариерата во пролетта 1992 влезе во најдобрата петорка на сезоната во НБА. Имаше дури 10 настапи на Ол-Стар натпреварите (6 до Олимиписките Игри во Шпанија).

Карл Мелоун, Јута Џез (#11)

„Поштарот“ или „The Mailman“ 4-та година по ред беше во тимот на годината на НБА и по 5-ти пат биран за Ол-Стар мечот (во 1989-та ја доби наградата МВП на Ол-Стар). По Олимписките Игри во Барселона два пати беше биран за МВП на лигата и во еден момент стигна до второто место на вечната листа најдобри стрелци во лигата.

Меѓу топ 5 играчи кои беа во Барселона.

Џон Стоктон, Јута Џез (#12)

Партнерот на Карл Мелоун од најдоброто време на Јута Џез, мозокот на тимот. Кога пристигна на Олимписките Игри во Барселона веќе пет пат по ред беше биран за најдобар асистент во лигата (стана уште 4 пати после) и само што ја заврши сезоната како број 1 по украдени топки на паркетот.

На ЛОИ 1992 слета како четирикратен Ол-Стар играч, а на ова елитно шоу се појави уште шест пати пред да се повлече како број 1 на вечната листа асистенти.

Крис Малин, Голден Стејт Вориорс (#13)

Левучар, роден во Бруклин, пред Олимписките Игри ја заврши сезоната 1991/1992 во НБА со влез во најдобрата петорка (единствен пат кога го избраа во кариерата. Веќе четири пати беше на Ол-Стар меч (одгигра уште еднаш по ЛОИ и тоа во 1993-та). Неговиот шут од далечина му

Чарлс Баркли, Феникс Санс (#14)

Баркли во НБА влезе во 1984-та а во 1987-ма веќе беше избран за најдобар скокач. Четири пати влезе во најдобрата петорка на НБА, од 1988 до 1991. Токму во таа ’91-ва беше избран за МВП на Ол-Стар мечот каде играше пет пати по ред.

Во 1992-ра ја доби наградата МВП на регуларниот дел.

Меџик Џонсон, Лос Анџелес Лејкерс (#13)

Бројот 32 на Лејкерс, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во реалност беше повлечен кошаркар пред стартот на Олимписките Игри во Барселона.

Чарлс Баркли во ноември 1991-ва година на само неколку дена откако конечниот список за Олимписките Игри беше објавен, изјави дека е позитивен на ХИВ вирусот и го шокираше светот, за да после се врати на Ол Старот во Орландо во февруари 1992-ра година и да ја добие наградата МВП по блескав настап.

Неговата кариера беше права магија: 5 шампионски титули во НБА, 3 пати МВП на НБА, 3 пати МВП на Ол-Стар, 9 пати во најдобрата петорка на сезоната, 4 пати најдобар асистент на сезоната итн...