Тикет на колото од Стефан Ристовски

Тикетот на колото за овој викенд го состави еден од најталентираните млади македонски фудбалери, членот на Парма и македонската репрезентација до 21 година, Стефан Ристовски.

Стефан Ристовски на само 16 години дебитираше за Вардар во македонската прва лига и како еден од најталентираните фудбалери на овие простори во 2010-та година се пресели во Парма.

Членот на репрезентацијата за фудбалери до 21 години изминатата година како позајмен фудбалер од Парма настапуваше за Кротоне и Фросиноне и со своето искуство од италијанскиот фудбал ќе ни помогне да го составивме тикетот на колото.

Тикетот на Стефан:
Фиорентина - Каљари 1
Чезена - Рома 2
Џенова - Палермо 1
Ливорно - Сасуоло 2
Варесе - Асколи 1

12 мај 2012 - 12:54